Страданијата на една мајка која го гледа своето чедо како својот животен здив го губи на светиот крст под наездата на омраза и негирање од околните присутни, се најголеми, споредено со се друго во животот.
Последниот поглед во очите на својот еднороден син во тој момент не може да се споредува со најголемиот товар на сите времиња.
Свесни за ваквата болка утре сите ние ќе го празнуваме денот посветен на Мајката Божја-Пресвета Богородица, во спомен на нејзината светост и божественост.
Вечен мир во срцата на сите луѓе на светот.
Спокојство во семејствата и пошироката заедница.
Божја љубов и миропомазание од Мајката Божја да го следи секој поединец.
Животот посветен на друг е живот достоен за Господ-Бог.
За многу години празникот.
No comments:
Post a Comment