ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Saturday, March 3, 2018

Чувствата и политичарите

Некои кажуваат дека во политиката треба да се влезе без чувства.
И токму затоа што таквите успеваат во политиката, состојбата со општиот стандард за живот во државата е таков каков што е!
Кога било која работа ја работите без љубов, без страст, без почит, без разбирање и толеранција, без желба да се помогне на оние помалку среќните, таа работа може да донесе само разочарување.
Чувствата и емоциите ако ги занемариме, ќе станеме робови на сопственото его и од тој пат нема враќање назад.
Затоа сакајте, љубете, почитувајте и разберете ги другите, помагајте секому и секаде.
Само така може заеднички да изградиме скалила кон излез од виорот на темнината која не навјасала.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот