ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Tuesday, December 19, 2017

Не смеат да бидат заборавени на маргините



Дали Владата на Република Македонија (Министерството за труд и социјална политика) во соработка со ЕЛС Делчево планира подобрување на услугите на народната кујна во Делчево?
Покрај тоа што корисниците на оваа социјална мерка за преживување се на работ на егзистенција, условите во кои добиваат намирници за прехрана од државата се повеќе од мизерни од она што може да се забележи за време кога се дели оброкот за овие страдни луѓе.
Ваква е состојбата со години назад, без никаква иницијатива или предлог решение за да се подобри. 

И што е уште потрагично останатите граѓани на Делчево секојдневно ја гледаат ваквата мизерна состојба и постојано вртат глава на другата страна.
Во вистинска социјална држава оваа состојба ќе се реши на најхуман начин со што оваа ранлива категорија на граѓани ќе се почувствува повторно потребна на ова општество со можност да си ја подобри својата економска состојба.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот