ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Wednesday, January 17, 2018

Пред обраќањето на Столтемберг пред марионетскиот парламент


Верувам дека кога Македонија ќе влезе во воениот сојуз НАТО, наместо безбедноста да се зголеми, истата драстично ќе се намали за граѓаните на државата.
Главен аргумент за ваквото верување се состои од тоа што политички како начело, колективната безбедност ќе биде воспоставена де јуре, но во пракса де факто ќе имаме анархија долги години како резултат на неподготвеноста на целокупното македонско општество на отвореноста на границите кои ги носи ЕУ и НАТО перспективата.
Македонскиот народ до сега живеел под многу, МНОГУ поразлични услови од оние кои ќе му бидат НАМЕТНАТИ НЕПРИРОДНО од страна на европските политички агресори.
Се она за што се бореле нашите претци, славните илинденци, партизани, не е (потенцирам) НЕ Е вредност на Европската Унија и НАТО.
Следува свет на диктатура на парите, контрола на моќните финансиски центри, а индивидуалниот демократски принцип на уважување на потребите и волјата на секој поединец ќе биде ставен во заборав.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот