ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Saturday, October 20, 2018

Пост-фестум: Самрак на Македонското постоење


Во налет на голем број мисли започнувам да го пишувам овој текст. Настрана од се чувствата ниту во еден момент не биле мој доминантен фактор на постапување и носење на лични и општествени одлуки.
Пост-фестум на синоќешниот терор врз Македонскиот слободољубив дух можам да кажам неколку работи што мислам дека ќе биде доволно за да го сублимира мојот личен став и мислење за целава папазијада.

  • Сите до еден кои што имаат право на глас во државата се виновни т.е заслужни за оваа ситуација која се случува со Македонија. 
И тие во  Македонија и тие надвор од Македонија.
Некои со својата лоша проценка, некои кои биле излажани, некои кои биле уценети, подмитени... Некои кои се надевале на личен бенефит или бесрамен профит за нешто што не го заработиле со чесен труд и пот, некои кои уште се надеваат на такво нешто...
Некои со своето криминално работење на клучни политички позиции кои дозволија да бидат уценети, некои кои беа под притисок пасивизирани да се предадат на "текот на реката"...
Некои кои дозволија да бидат уценети од како резултат на незнаењето и неподготвеноста да се носат со значајни државни и општествени функции во изминатите години...
Некои кои искрено и од среце и со разум се бореа против оваа ситуација да не ни се случи а не биле доволно силни во своите заложби...
За сите нив и за мене заедно со нив, Македонија е на добар пат да биде уништена таква каква што ја познавам.
Овие ОСУММИНАТА што всушност се ОСУМДЕСЕТМИНА се инструмент на целокупниот неуспех на државниот систем во изминатите 27 години да создадат нормална држава по терк на сите држави околу нас во регионот. Предавствата кои се препишуваат на овие пратеници се всушност мал милион предавства на сите нас во изминатиот период. Некој помалку некој повеќе, но никој не треба да се амнестира од одговорност.
И ДА! ТОА СЕ ПРЕДАВСТВА!

  • Ова е процес со кој ќе бидат урнисани од корен разнишани темелните вредности на Македонскиот идентитет и вредности.
Во наплив на претстојната глобализација на ова поднебје ќе нема место за немоќните, неуките, неспособните, неработливите. Морам да признам дека тоа ќе значи геноцид за еден добар дел од Македонскиот народ. Во таква брутална забревтаност на сплетот на околности кој ја очекува оваа сега веќе реално Северна Македонска приказна најголемиот удар ќе го доживеат пензионерите, социјалните случаи, маргинализираните групи и поединци кои нема да се прилагодат на овој драстичен општествен скок.
Стандардот на населението долги години ќе остане ваков каков што е (со можност и да се влоши) а капиталистичкиот апарат на банкарскиот систем во голема мера ќе се инфилтрира во сите пори на државата што најсликовито ќе биде одразено врз цените на производите за широкопотрошувачка, домакинствата, недвижнините, услугите на државата, транспортот и кажи-речи во сите економски параметри.
Во такви услови дополнително ќе се влоши стандардот на народот и ќе значи зголемуање на сиромаштијата и заграбување на уште поголем капитал од странските "инвеститори".
Концесите врз природните ресурси во земјава ќе добија странски предзнак со фрлени парчиња леб за работниците (Македонскиот народ) за преживување се до наредното парче леб.

  • Македонското општествено ткиво и народ за подолг временски период ќе остане поделен по идеолошка линија што дополнително ќе се одрази на развојот на стандардот на целокупното општество.
Актуелната подолба во политички контекст која што егзистира повеќе од еден век на овој простор, ќе се пренесе (веќе е драстично пренесена)  на сите нивоа во државата помеѓу обичните граѓани. Ова не е граѓанско општество. Ова е поделено општество коие најавеното помирување од Зоран Заев нема да го соедини. Поразените никогаш нема да се обединат со победниците. Така било отсекогаш, така ќе остане уште многу после нас.

  • Дополнително ќе се зголеми одливот на жива работна сила од Северна Македонија.
Колку е ова добро или лошо немам посебен став. Од една страна сметам дека патувањето, искуството, средбите и контактите со странски вредносни единици е полезно за Македонскиот народ, но од друга страна сметам дека идентитетскиот геноцид на овој етнографски простор ќе биде изразен уште по драстично што од цивилизациски аспект е злодело против човештвото со сузбивање на етнолошко-културолошката диверзификација на народите.

  • Мнозинството на Македонскиот народ против својата волја ќе биде сопатник на оваа голгота на теророт на малцинството врз волјата на мнозинството.


Народот-луѓето ќе продолжат да си живеат во својата летаргија во духот на максимата купи-ден продај. Ќе се промени цела генерација народ. Ќе дојде нова драстично видоизменета од оваа актуелната. Историјата ја пишуваат победниците. Па доаѓаат нови победници  кои ја редефинираат историјата на тие пред нив... И така до бескрај!
Но легендите и приказните во срцата на Македонскиот народ ќе останат да се раскажуваат.
Една од легендите на овој прекрасен народ вели:

БОРБАТА ЗА СЛОБОДА НИКОГАШ НЕ ПРЕСТАНУВА!


П.С. ЗОРАТА Е ДОЈДЕНА! ВРЕМЕ Е ДА СЕ РАЗБУДИМЕ!

Friday, June 22, 2018

Време на злобни насмевки


Среќни сте штетници на векот,
продавајќи слепо, загубивте земја.
Народ седнат на камен,
претворивте во здив,
со истрели од немир насликавте магла,
а времето гледа и ви суди.
Честито, честито одродени
за многу години да ви стои,
како да прашам а да не замижам
црнилата ваши светлост ќе се сторат
и пак надежта ќе се роди,
со уште еден трофеј предавнички
над огништето на овој дом.
Честито, честито борба мој народе,
ова е време на незаборав.
Вечноста гледа
во налет на нескротлив наизрек.
22.06.2018 година

Sunday, May 27, 2018

Нема компромис на штета на светлата иднина на Македонскиот народ


Кога станува збор за интересите на народот чиј неразделен дел сум и јас, тогаш не правам компромиси со никакви кулоарски и дворски игри на англиски кралици и полтрончиња кои секогаш се шлепале на моќта на мнозинството затскривајќи си ги сопствената немоќ и некадарност.
Со подобриот живот на Македонскиот народ никој не смее да си подигрува и да го менува за т.н. помало (нужно) зло.
Овој народ го заслужува најдоброто затоа што на маките и премрежјата низ кои поминал и се уште поминува не им се рамнат ни најголемите геноциди во историските граници на денешната цивилизиција.

Борбата за напредна и просперитетна Македонија никогаш не престанува


Испрај се гордо, мој народе!
Да се спротивставиме на оваа погубна политика на актуелната влада предводена од СДС.
ПРИДРУЖИ СЕ!
Протест за Македонија.
2-ри Јуни пред влада.



Saturday, March 3, 2018

Чувствата и политичарите

Некои кажуваат дека во политиката треба да се влезе без чувства.

Friday, February 16, 2018

Wednesday, January 17, 2018

Пред обраќањето на Столтемберг пред марионетскиот парламент


Верувам дека кога Македонија ќе влезе во воениот сојуз НАТО, наместо безбедноста да се зголеми, истата драстично ќе се намали за граѓаните на државата.

Tuesday, December 19, 2017

Не смеат да бидат заборавени на маргините



Дали Владата на Република Македонија (Министерството за труд и социјална политика) во соработка со ЕЛС Делчево планира подобрување на услугите на народната кујна во Делчево?

Врски насекаде...


-Добро е да имаш свои луѓе насекаде, воскликна од среќа сиромавиот и се нареди прв во редот за народна кујна.
Blogger Widgets

Автори на блогот