молчешкум,
одобрувам...
Само уште еден здив,
за уште еден нов момент,
до прокосот на универзалната неизбежност
за бледнеење на животот под налетот на заборавот...
Само уште еден здив,
пред да блесне сонцето,
без сенката која до вчера ја милуваше
кристалната трева пред крајот на уште оваа есен.
Скокот на небесата, се појави, за миг пред вечноста.
Суден час,
наспроти желбата за копнеж,
пред олтарот на животот,
кој не сака да оглуви,
под наездата наречена минато...
No comments:
Post a Comment