Гледајќи во облак на актуелноста низ превезот на сомнеж и посакување, човек сосема ретко може објективно да ја воочи сопствената положба на детерминираност и опкружување.
Во таква ситуација понекогаш е потребно да се исчекори претпазливо назад, онолку колку што треба без ограничување на видеокругот на спознание на сопственото постоење. Во такви моменти на привидно повлекување кога навидум на поединец му се руши светот, особено е можна поширока и појасна слика за ефектите на објективната реалност и субјективитетот на сите вклучени фактори во однапред зададената интересна ситуација.
За медиократското опкружување на ваква определена ситуација, лицемерието добива идентификација, слабостите стануваат најсилен аргумент на моќ а големината губи на интензитет пред налетот на објективните факти и привидната доминација на лагите.
Убавината на вистината е вредност која заслужува глорификација и жртва. Понекогаш и на сопствена штета, раководена од повисоки вредности на оправданост и неопходност.
Толку за тие што разбираат. За останатите продолжение ке следува по емитување на следната сезона од серијалот "Игра на тронови".
No comments:
Post a Comment