Кога човек се заложи себеси длабоко за доброто на својот народ, гледајќи назад може да забележи само трага и ехо на времето кое поминало.
И во тие мигови човек знае дека залудно не го живеел сопствениот живот подарен од Бога.
Направил нешто за кое ќе сведочат генерациите. Времето ја губи сопствената улога, наѕира иднината, со славно минато кое стои овековечено преку додирот на бесмртноста.
За миг налегнува носталгија која се преточува во гордост. Се раѓа духот и нова енергија за доживување на утрешното сонце.
Сонце над Македонија. кое стои молчешкум под сенката на се она што сме направиле.
На само 15-тина минути пред утрешниот ден, горд сум што сум дел од ова семејство.
Семејство наречено Македонија.
Господ ја сака Македонија. Да ја сакаме и ние подеднакво исто....
No comments:
Post a Comment