Критичка паралела за опстојување на ограничено македонско секојдневие во границите на ова парче небо наречено "Делчево" со сиот свој сјај и темнина, со театарската претстава "Самоубиство на осаманоста" прикажана во кино салата во Делчево.
Еден по малку носталгичен куриозитет: Поради реконструкција на постојниот објект на кино салата во Делчево која се очекува да започне наскоро, ова беше последен културен настан кој можеше да се види на оваа сцена на која својот бележит здив и допир го оставиле голем број на културни и општествени дејци во минатото како од домашната популација, така и од странство.
За тоа овој спомен на проследување на оваа претстава ќе има посебно значење во животот на оние што беа.... Вклучително и авторот на овој текст...
Ако, само за убаво и арно да биде!
No comments:
Post a Comment