Тешко се зезнал секој оној кој мисли дека времето ќе му помогне да ја надмине својата една и единствена љубов во животот...
Зошто таа љубов не згаснува, се претвара во сон, се сраснува со срце, тежи во очите...
Како може некој да се бори против спомените...?
И тоа против оние најубавите?
Цела една вечност е неспоредливо мала во споредба со едан таков миг на една и единствена љубов.
Моментот кога ќе се видиш сам себеси во очите на другиот.
Тогаш здивот згаснува, запира срцето...
И миризбата која никако да избледнее...
Како може некој да се бори против себеси...?
Зошто тоа е она што го загубил на пола пат кон срцето на другиот.
Себеси и она во што можеше да се претвори...
Споменик на љубовта, во срцето и душата на другиот...
Да, и времето минува, и сонцето пополека згаснува, ѕвездите се полека бледнеат...
Но вистинската љубов, една и единствена, не се надминува...
Останува да ја има....
No comments:
Post a Comment