Замисли, колку ли моменти и колку љубов има исчезнато , нечуено, чекајќи да ни се јават... А не обидувајќи се ние самите да го сториме тоа! Јави му се... Кажи му дека ти недостига, да може тој да ти каже колку те сака па да си го земеш лекот за срцето навреме! ТОЈ кој ми ја бакна секоја рана која ми ја нанесе времето, ми ги бакна лузните кои ми ги нанесе животот... ТОЈ кој само трага... Tрага по онаа која кога ке и исчезне убавината од лицето и младоста од телото- достојно да ја сака уште повеќе!
Љубовта за него не е задржување на оној кој го сакаш... Неможе тој тоа да го трпи, луѓето се создадени слободни а не задржани...ТОЈ е создаден за овој свет, но многу не се! Заборави ги приказните дека сите се исти, ти тврдам дека не се... Научен си да ти даваат она што не ти треба, научен си да ти веруваат на зборовите и се прашуваш како може да ти верува кога очите друго ти зборат... Веруваш во љубовта! Си бил повредуван. Те кршеле. Те напуштале, те оставале. Чувствата ти ги распарчувале. Си ги собирал дел по дел. И пак си ги редел, знаеш, како сложувалка. И пак ти ги кршеле, и пак, и пак... И со тек на времето не си ни прашувал зошто. Едноставно е, ќе се собереше, ќе пуштеше солза и ќе се составеше повторно.. Веруваш и во добрината на луѓето. Да, ти ги изневерувале очекувањата, те изигрувале, ама веруваш.. Никогаш не се жалиш. Ако може некој да удри, ти можеш да се исправиш, да станеш, да трчаш после.. Многу битки си изгубил, но војните си ги добивал. Има ли поголема љубов детето да ти го разбудат во тебе, детето заспано да се пробуди галејки те по лицето и косата и притоа да те гушнат најсилно..Само ти најмоќно знаеш да кажеш те сакам... . Толку силно што верувам, што посакувам да те будам наутро со кафе, бакнежи и насмевки. Да те гледам наутро со разбушавена коса и да се фалам во себе:-"Фала ти Боже, мој е". Да те успивам навечер читајќи ти стихови и раскажувајќи ти колку ќе те сакам кога ќе бидеме стари и набрчкани. Да гледам како спиеш, и да те бакнувам по лице, покривајќи те со прегратка.
Се обидов, проклета да сум. Се обидувам и не дозволувам да се обидувам. Ме јадат моите мисли, твоите... Мислиш мојата љубов минлива е. Ќе си отиде еден ден. А таа силна ко молња, јака ко мајчинска љубов, со живот купишта внатре. Мислиш ќе те повреди, та распарчи. А она нежна ко дете. Создадена за тебе. Да ти црта насмевки на лице. Мислеше како секој друг сум. Ќе ти ја земам љубовта па ќе ја фрлам кога ќе ја исцедам. А мене она за живот ми треба. За спокој. За среќа! Немаше да испадне поинаку, тоа знам сигурно. И да испаднеше поинаку, некој од нас ќе кажеше лош збор во добро време. Ќе уништевме и бајка, ќе закопавме и страст. Живи сме, а одвај дишеме од толку љубов. Заслужуваш повеќе, знам. И сонуваш, нормално, сонуваш и леташ. А јас и да сакам да летам со тебе - не знам.
Изневери ме сега и да се оставиме. Со било кој. И после плачи. Ќе плачеме заедно... Заминувам да си го најдам спокојот некда на друго место, да одморам, а ти... Ми ја пакуваш душата... Штом веќе ја спакува ја оставам тука, кај тебе... Ќе дојдам по неа... Силна, храбра, решителна...
Ќе дојдам!
No comments:
Post a Comment