Имаш нешто кај себе...
Се вика душа...
Душа која му недостига на светот денес.
Кога би имало повеќе луѓе како тебе
Душа која му недостига на светот денес.
Кога би имало повеќе луѓе како тебе
светот ќе биде рај на земјата.
Имаш поглед...
Затскриен...
Очи што пленат,
затскриени зад сонцето
што грее на твоето чело.
А насмевката...
Порта на рајот,
за влез во сечие срце.
Имаш збор...
Роден од најубавата мисла на светот...
Мисла што свети низ тие очи,
како кроток ветар во топло лето.
Имаш смисла,
имаш големина
за да допреш насекаде...
Онаму каде малкумина допреле...
Длабоко во ноќите на мојот сон.
И со тоа да станеш јаве, на мојот ден.
Ангелу мој....
Имаш нешто во себе.
No comments:
Post a Comment