Луѓето сакаат обични нешта.
Сакаат небо без облаци, ноќи исполнети со ѕвезди, сакаат кроток ветер во вратот покрај лицето, сакаат воздишки посветени на нив....
Размислуваат за дива и нескротлива љубов, за слатки тајни кои само тие си ги разбираат....
Мечтаат за богато и раскошно есенско руменило, пред налетот на здивот на скаменетата белина, која иако што туку дојдена, посакуваат да ја снема.
А штом црвенилото од истокот го претопи синилото на пладневниот спокој, изроден од мртвилото на премрзнатите образи, тивок завет почнува да се раѓа за живоста на моментите што следуваат.
И таму некаде прегрнати во заедничкиот спомен од едноставноста на сопствениот избор, посакуваме сепак нешто повеќе.
Зошто штета е да не се биде обичен.
Обичен и облечен... Со топлината на небесната бесконечност која свети како тежок камен на потсвеста...
И таму некаде во темнината на спокојот, да остане запишано...
Луѓето сакаат обични нешта!
И сакаат да не сонуваат за сето ова погоре.
И сакаат животот да не им помине само во сон....
No comments:
Post a Comment