Само река на мисли кои постојат и сведочат...
За нештата поминати, за она што било...
За се она што можеше да биде....
Грутка в срце остана да тежи...
Безброј зборови недокажани, цела вечност неродена.
Се она што се надевавме,
потајно и скришно, за аманет на нашата среќа.
Спомнете си за векот, во кој сакавме да бидеме џелати.
Убијци на човекот во нас, Господ на сопственото постоење.
Безнадежно удирајки се в гради, за да не не биде...
Зарем толку треба да се уништи здивот на радоста?
Од онаму каде што се роди она тајно ветување
од неизмерна прегратка во која пловевме во соништата.
Соништата на нашата судбина.
Има спокој и покрај се...
Се што стана,
за она што е....
Живот во бескрај, со надеж за вечност.
No comments:
Post a Comment