На грешките на другите, околу самиот тебе....
Нема момент а да не помислиш на сите грешки кои го создале светот!
Овие грешки значат несовршенство, значат човечност.
Тоа се двигателите на патот од кој враќање нема.
Луѓе создадени од грешки.
Од оние грешки кои намерно или ненамерно бираме да ги направиме.
Дури и по цена на сопствена деморализација и пропаѓање.
Свесноста за иднината подразбира опасност за сегашноста.
Пркосејки и на замислената иднина, создаваме бојазни духови кои го обременуваат моментот во сегашноста, замислено борејки се за таа идеализирана иднина.
И во екот на оваа лична борба со вештерки, секако победува посилниот...
Не ретко посилниот, си самиот ти, кој свесен за иднината, наоѓа малку понеповолна варијанта на истата таа иднина кон која се стреми, низ жарот на сопствената борба.
И пак си победник!
Од другата страна често оставајки ги слабите и немоќните...
Оние за кои на почетокот воопшто и ја започна целата оваа борба за идеална иднина...Онаква каква што ја беше самиот ти замислил.
Борбата е завршена, војната продолжува...
А во војна победници нема.
Остануваат фрагменти на искинати чувства и распарчена човечност.
Остануваат да тежат спомените на минатото, во име на иднината која никогаш повторно нема да биде иста.
Барем не како онаа за која сонуваше заено, во еден здив со другиот тој-ТИ.
Душата која значеше единство на твојата свесност и постоење.
Остана само споменот на реата по која се препознаваше моментот на заедништвото.
Недалеку од помислата за утрешниот ден кој никако да осамне.
Застана единствениот благодет, на кој се надеваш да ја избрише горчината во твоето грло....
Низ дамарите на твоето его.
Широки процепи кои никако да заздрават....
На небото повторно ке изгрее вчерашното сонце....
Само времето знае да прости...
Зошто ТИ не можеш!
No comments:
Post a Comment