Како би било човек да се вљуби во својот оперативен систем кој е произведен да одговара за соодветниот купувач, според неговите карактерни и воопшто интегрални човечки вредности?
Дали не е далеку денот кога од другата страна на тастатурата наместо жива личност, нема да биде поисплатливо (во секоја смисла) да се наоѓа евтин компјутеризиран кодов темплејт создаден да одговара на стереотипот во кој што живее и постои секој еден човек?
Секогаш кога ти треба да биде покрај тебе, постојано окупирајки ја твојата свесност и воопшто постоење кои се едни и единствени за цела вечност.
Притоа истиот тој OS со свои адаптибилни модификации истото тоа да го прави со уште неколку стотина луѓе, овозможено од неговиот дата ресурсен центарм во кој постои соодветен алгоритам или дел од глобален алгоритам за да одговара на твојата моментална потреба за социјализација и живеење воопшто.

Со вакви и слични прашања се занимава содржината на филмот во кој брилира мојот од секогаш омилен актер (кој знае да уништи или создаде цел еден нов свет на постоење)-Жоакин Феникс.
Филмот за чиј наслов не можам да најдам соодветен превод просто e наречен "Her".
Убаво сценарио, беспрекорна глума, целосен распад на старата перцепција за начинот на практикување и доживување на технологијата=животот...
И многу повеќе....
Љубопитните задолжително да гледаат!Останатите нека "кашлаат" во нивните постојни или идни врски (не само љубовни), несвесни што пропуштаат...На еден или друг начин...
No comments:
Post a Comment