денешниот ден завршува,
а самиот крај започна рано сабајлево,
пред изгрејсонце.
Радувајте се!
Утре ќе започне уште еден прекрасен крај.
За денот кој започнува со самиот крај.
Вдиши длабоко и намигни му на крајот,
затоа што од таму започнува се ново што се раѓа.
Наречете ме судбина,
и просторот и времето,
постојат за моја манифестација,
онаму каде што ме нема.
Во пазувите на субјективната потсвест на тебе...
Ти што го читаш ова мало парче електронски импулс,
во дамарите на твојата потсвест.
© К.А. 21.10.2014, во Делчево
No comments:
Post a Comment