- Изградбата на секој поединец во цврст карактер, личност која знае што сака и е свесна за актуелната состојба во широк општествен контекст,
- Живот во спрега со испитани начини на знаење, за справување со секој потенцијален проблем со кој сме судредни како поединци но и како географски ентитет на одреден географски простор...
- Изградба на општествен систем, фокусиран на поединецот и негови оптимални врски со остатокот од светот,
- Овозможување на широка палета на општествени дејности, градуирани според квалитет, афинитет и широко општествен потенцијал на поединецот,
- Држење на динамичноста на општествените процеси на највисоко хуманистичко и морално ниво како репер за одржлив развој.
И на крај:
- Конзервативизмот како основа во коренот на современото живеење не само на Балканот туку и насекаде во светот е солидна почетна точка за развој на широк хуманистички начин на уредување на една колективна свест. Вредносен систем кој во ниеден случај не треба априори да биде надреден над техничко-технолошкиот концепт на развој на либерални можности за справување со стратешки зацртаните приоритети, преку активно практикување на технократски авторитет верификуван од високи образовни институции и академии.
- Балансиран пристап на овие две класични политички платформи е сериозна база на капацитет за вовед на држава како нашата во костец со сите макро и микро економски предизвици за кои крајната цел би била изградба на секојдневни навики на одговорна нација, свесна за историската улога која им е дадена на оваа генерација македонци.
- Народ одговорен пред себеси како ентитет, но и одговорен кон секој поединец засебно, во целост како мала алка од многуте, кои го сочинуваат целокупниот национален идентитет.
No comments:
Post a Comment