Потребно е вистинските нешта да бидат објаснети на вистинско место во вистинско време, со што би постигнале најголем позитивен ефект од сите можни алтернативи на располагање.
За тоа секако е потребно сериозна умешност на располагање, комбинирана со вистински мотиви и методи, хранети од неприкосновена чесност и упорност, изградени низ плодно и долготрајно искуство.
Знаењето само по себе е слепа самобендисаност и наивност, дека со него можете да го промените светот. Исто како што и маратонецот знае да плива во море полно со ајкули, но попусто знаењето, ако биде изеден.
Понекогаш по чиста случајност со знаење може да предизвикате сакани промени. Но доколку оваа постапка на среќа не биде проследена со сето ова погоре (и најверојатно и многу други изрази за оправданост и логичко следство на текот на нештата), ќе заврши како пламена стрела помеѓу бранови на вода, по што сите други ќе бидат виновни за прераното згаснување на првенецот во себе.
Тогаш револтот станува храна за преголемото знаење за свесност на неспособноста да се влијае на настаните, и неминовно е деградација на личности, групи и цели општества.
Недостигот на моментот на интеграција на субјективното знаење на единката во поширок општествен контекст од околината на самата личност, мора да биде сериозна тема за социолози, филозофи и други видови на научници со што би се предизвикале мерки на општ интегративен процес на сите креативни умови, почнувајки од млади години па се до завршетокот на една кариера и една ера на постоење на едно општество, воопшто.
За на крај ќе запрашам: Дали успехот и способноста за промени во еден општ општествен па и политички контекст зависи само од Вас? Сте се запрашале ли што е тоа што не зависи од вашето севкупно битие, а се одразува на Вашите напори за постигање на успех во зацртаните цели.
Знам дека нема да биде нешто ново ако кажам дека околината е таа што создава судбини. И тоа околината во заедништво со вас самите.
Но постои начин да се промени и самата околина по мерка на вас самите. И тоа не со револуции и инцидентни искри на потпалување на страстите.
Туку само и единствено со долготрајна борба и инсистирање на вредностите за кои сакате да се борите и искрено верувате во нивната исправност и што е уште поважно, нивната неопходност.
Не дозволувајте никој да ви каже дека грешите!
Бидете сами свесни за сопствените грешки пред да ги направите.
Тоа некој би го нарекол фантазија на експериментална емпирија.
За мене е тоа уметност на проникнување во суштината на нештата и математичка закономерност на предвидливост и визија.
© К.А. 09.12.2014. in Delchevo
No comments:
Post a Comment