Одењето во кино, театар, опера, балет, концерти и други културни настани, би требало да биде во функција на правење на аналогија на театарот, музиката и уметноста воопшто со животните манифестации што ги пректикувате во вашиот секојдневен приватен живот. Културата како емисија на општествена појава би требало да биде индикаторен одраз на расположението и духот кои ги носите во срцето и во душата.
Не залажувајте се себеси дека сте "во шема", ако само идете во театар, или следите уметност единствено само со вашето физичко присуство.
Многу повеќе ќе бидете "во шема" ако животот ви е уметност!
Кого вие тоа залажувате, себеси, пријателите, саканите, оние кои сакате да ве сакаат или оние кои ве негираат?
Кого вие тоа залажувате, себеси, пријателите, саканите, оние кои сакате да ве сакаат или оние кои ве негираат?
© К.А. 16.12.2014, in Delchevo
No comments:
Post a Comment