Сакаква политичка комбинаторика во персонални решенија, мора и треба да биде првенствено од интерес на селото, градот, општината, регионот и државата, под чие што знаме опстојува одреден политички ентитет.
Јавниот интерес базиран на традицијата, потребите и идниот просперитет на еден народ, секако е поважен од било која субјективна инсталација во едно општество, НО, така декларирани и подредени услови на општествена реалност, исто така паралелно мора да обезбедат индивидуален идентитет на опстојување и работење на поединецот со целокупната своја субјективност и уникатност (талент, знаење и креаторски способности).
И ова е општа специфика за сите држави (независно големи или мали), што овозможува најпрво хоризонтален простор за себепрестиж и вертикална проодност на градење на еден граѓански дух за меѓусебна поврзаност во едно општество.
No comments:
Post a Comment