Кога сите приказни ќе престанат...
Кога небото ќе разбуди ѕвезди, а низ ѕвездите очи...
Кога душата ќе затрепери само од една помисла за допир на делечината...
Со секој нов ден, со секоја одмината квечерина, пред заветот на небото со земјата.
Да се погледнат пак, да се препознаат и да се заљубат. Не заради тоа што било, туку поради она што треба да биде. Зошто така е исправно: Небото да ја бакне земјата и да се роди светлина, во очите исполнети само со светлината на ѕвездите. Од едно навидум темно а толку длабоко небо.
И тогаш за миг приказните застануваат, се калеми немоќта на времето над просторот. Згаснува здивот, се успорува срцето.
За се да заврши со една прегратка и ветување... Дека пак ќе се видиме...
На небото помеѓу ѕвездите каде останал забележан моментот кога последен пат си ветив сам на себе: Бескрајна љубов кон очите што ме потсеќаат на ѕвезди, за здивот кој замрзна некаде помеѓу мојот и твојот поглед.
No comments:
Post a Comment