ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Thursday, October 26, 2017

Сепак се врти

Евтина работна сила од доминантно сиромашниот Блиски исток вбризгана во Европа, ќе значи уназадување на "демократските" придобивки на големи плати за малку работа за социјалистичко-бирократски воспитаните претприемачи, на ниво на мали и средни претпријатија.
Моќните капиталистички финансиски конгломерати уште толку ќе окрупнат на светско ниво со формирање на финансиски центри на моќ на планетата земја, во општество во кое границите, народите, нациите ќе ја изгубат својата важност а создавањето нова вредност ќе биде единствено важна за преживување под контрола на прираст на население и останати природни ресурси од страна на моќните финансиски центри.
Истиот тренд се случува и на северно-американскиот континент каде САД (веќе окрупнат капиталистички систем на моќни финансиски конгломерати) ќе го контролираат приливот на мигранти-читај евтина работна сила (преку изградбата на големиот ѕид на мексиканско-американската граница).
Засега непознаница на овие простори (за сите политички и гео-стратешки аналитичари) во целата оваа глобализаторска инкорпорација на механизми за контрола и присила доаѓа својствено најпрво од Русија но уште повеќе од Кина каде во својство на финансиски моќен апаратус се има поставено државата преку своја партиска хиерархија:

  • За Русија окрупнувањето на капиталот е направено во лицето на федералната власт и резервите на злато и платина а сега се води политика на освојување на простор за експлоатација и менаџирање на ресурски (што човечки, што природни) преку политиката на Економската заедница на повеќе подредени и зависни држави од генералната моќ на винансиски можности на руските финансиски конгломерати. Експанзијата на територија и население на ваквата политика е под закана на воен конфликт со НАТО државите, што како реална можност е тешко остварлива варијанта.
  • Во Кина пак целокупната финансиска моќ е пренесена во инструментите на Комунистичката партија, со таа разлика што Кина не бара и нема потреба од човечки ресурски кои ги има на располагање туку веќе гради свои рамки на влијание на партнерско ниво со САД, РУСИЈА и ЕВРОПА.
Биполарниот американско-руски свет од пред 90-тите години е разбиен на минимум 4 (Кина, Русија, Европа, САД) сфери на влијание кои ќе детерминираат за глобалните и уште поважно за локалните општествени текови и процеси на целата земјина топка.
Во еден таков свет на "отворено општество" Македонија иако можеби незначителна по големина и важност сепак е особен ТРН ВО ОЧИ на вака воспоставените правила на игра, не припаѓајќи никаде посебно а истовремено припаѓајќи секаде по малку.
Сценаристот проценил дека ваков државен ентитет како Македонија повеќе пречи отколку што придонесува за финансиската стабилност, миграција и трансфер на ресурси меѓу овие 4 сфери на влијание, па оттука следува една вака актуелна и секако скапа операција за обезвреднување на идентитетските вредности на Македонецот кој исто така во налет на криза на идентитетот не припаѓа никаде посебно а истовремено припаѓа секаде по малку од памтивек.
Не беше случајно направена политичката проценка во изминатите 10 години за 
1.Барање на членство во НАТО во Букурешт, 
2.приклонување кон операцијата Турски Тек на гасоводот на Русија,
3.Проектот за Вардарска долина на кинезите и изградбата на двата коридорни автопати Кичево-Охрид и Миладиновци-Бугарска граница кај Црна скала.
Сите овие наброени три важни проекти одат во корелација на соработка со посочените 4 доминантни финансиски центри на моќ, но катастрофалните грешки на актуелното политичко раководство во Македонија, до 2015 година, кое едноставно стана премногу тромо и неефикасно во реализацијата на сите зацртани проекти, резултираше со егоцентрична промена на власта и замена со нова власт која декларативно полага поголема енергија и систем на контрола управуван од надворешни структури за реализација на зацртаните цели.
Оттука молкот и навидум "наивното" посматрање од перспектива на немоќна публика кон актуелните процеси од страна на поранешната структура на власт е неизбежна појава која ќе опстои се до моментот кога ќе се покаже барем минимална немоќ на актуелните апсолутни власти во државата за спроведување на предвиденото сценарио.
Тогаш повторно со нови сили сега опозиционата алка ќе си го завземе своето место во глобалниот механизам на светски поредок и распредалба на влијанија на моќ (читај расположиви ресурси) за продолжување на животниот циклус на светската популација.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот