ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Wednesday, November 8, 2017

Кога велам "Македонија"!


Кога велам "Македонија"-мислам на еден огромен театар со разно-разни завеси.
Завеси во различни бои и нијанси, од кои додека едната се крене, друга се спушта, за понекогаш да се преклопат повеќе една преку друга.
Глумците глумат, музиката врви, сцената наместена, светло, суфлер, костими, сценарио, режија, публика... И таму некаде на маргините на влезот, чичкото кој продава карти и оној кој ги кине картите на влез....
Кога велам "Македонија", мислам на надеж дека имаме ум и разум пред се!



Ако досега ретко кој не сватил дека "глупирањето" на владините функционери со разно-разни гафови, е дел од стратегијата на власта за провокации кон "силните" и "наелектризираните" -ЌЕ СЕ ВИДИМЕ НА УЛИЦА ИЛИ ВО ПЛАНИНА, ТИПОВИ- тогаш анализата и стратегијата на сценаристот е целосно точна, вистинска и целисходна.
Точно не имаат скенирано, анализирано и проценето (како народ) кои се нашите слаби страни.
Нашите слаби страни, што воедно се и оние најјаките.
Притоа со ваквите провокации кон нашите слабо-јаки страни, спроведени преку жестоки и добро обмислени ПР мерки и активности, од страна на власта?, се цели на уништување на истите преку нивно обезвреднување и целосно преиспитување и редефинирање.
Ваквите провокации  се дел од едно пошироко сценарио за деградација на македонските (досега истакнато познати) силни страни како народ:

  • Идентитет, 
  • Гордост, 
  • Достоинство, 
  • Чест, 
  • Висок патриотски и револуционерен дух.

Колку луѓе во моментот на актуелна општествена реалност точно знаат што означува фразата  "идентитет на Македонскиот народ"?
Или пак Македонска гордост?-Што беше тоа?
Достоинство на оние луѓе што одат на сезонска работа во странство во текот на годината за да преживеат, како се дефинира?
Честа на оние што куќата си ја даваат под хипотека за да можат да живеат и работат нормално под ова парче СВЕЦКО небо?- Што би било вредносна мерка за високо ниво на Чест на овој страдален народ?
Патриотизмот и високиот револуционерен дух?
-На оној кој тепа голораки народни избраници во парламент? Или пак оној кој се декларира со мотото "..долга е раката на ВМРО"; -"револверот и камата"-идеалот  и разно разни други ирелевантни (понекогаш и штетни) флоскули? Како него би го окарактеризирале во моментот?


ИСПУКАНИ СЕ ОВИЕ "ДРЕВНИ" НАШИ ВРЕДНОСТИ ПО СИТЕ МОЖНИ ШАВОВИ! НАРУШЕН Е КОНТИНУИТЕТОТ НА КОНЗЕРВАТИВНИОТ ДУХ И ПРИДОБИВКИ ОД ДОСЕГАШНИОТ НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ И ПРАКТИЦИРАЊЕ НА МАКЕДОНШТИНАТА!
Од моментот (24.12.2014 година) кога "насила" се носеше буџетот во собрание, за 2015 година. Моментот кој го започна Бранко Црвенковски со блокадата и протестите пред парламентот во таа (така далечна а толку блиска) зима 2014-2015 година.
Од моментот кој продолжи со "...Господ ме црпна од нивата во Муртино..." се до денес, оваа стратегија на девалвација успешно се спроведува од носителите на ваквата широка активност. Веројатно истата подолго време пред тоа подготвувана, за што сведочат безброј индикации и примери.
За да биде вистината посурова преку механизмите на контрола од носителите на ваквата ПР кампања  истата се реализира со помош на разно-разните "гласноговорници" во редовите на сегашната опозиција, или (како они тоа милуваат да го наречат) од редовите на НАРОДОТ.
Не се сомневам дека ваквите гласноговорници имаат искрени и чесни намери и мислење дека прават добро за државата и народот, но со тоа само работат директно против "кршењето на кичмата" на истиот тој народ.


Преку ефект на ширење поделби, стигматизирање на личности, ширење општа хистерија и неподносливост, со бескрајна конфронтација и своевиден "лов на вештерки", државата ја држат на раб на некој си замислен можен конфликт, кој обичниот народ во никаков случај не го оправдува.
Со самото тоа што ваквите гласноговорници секојдневно зборуваат и се исмеваат со секојдневните (случајни или неслучајни) "гафови" на власта (премиер, министри, истакнати креирачи на јавното мислење и ПР носители на активности и ред други), тие всушност работат на сценариото за обезвреднување на достоинството на овој напатен народ.
Прашањето е следно:
-Што мисли и чувствува еден обичен земјоделец, текстилен работник, градежан работник итн. кога гледа дека и покрај сите
-"бруто-нето" глупости,
-експлицитно лажење за минимална плата,
-за постојаните задолжувања на државата и покрај тоа што ветуваа дека нема да има задолжувања,
-Излажаната минимална плата,
-излажаните пензионери, земјоделци, лекари
-немањето на никаква конкретна политика за подобрување на секојдневниот живот на народот со конкретни проекти и мерки ,
итн.
итн.
итн
власта пак убедливо  "победува" на избори??? И никој од спротивниот табор не им може ништо во поглед на декласифицирањее на ваквите погубни политики.
Како еден обичен селанец или "граѓанец" (сеедно) да се бори само против оваа наезда на искривени и испревртени процеси во државата Македонија.
-Колку разно-разните т.н. самопрогласени гласноговорници на народот  со "трубење" во јавност (особено по социјалните мрежи), со таквата "дејност" придонесуваат за подобрување на животот на граѓаните?


Сликата од пред компјутерите и онаа помеѓу народот кој што едвај крпи крај со крај во некоја зафрлена "скендерија" насекаде во државата е многу-многу различна.
Патем истиот тој народ е точно оној кој гласаше за живот, гласаше за укинување на радиодифузна такса, гласаше за укинување на драконските казни кои уништија цели семејства, гласаше за повисока минимална плата, повисока просечна плата итн, итн...
Истиот тој народ не гласаше за "баксузниот" број 13, за фотошопираните страшни ликови на плакатите во тотално погрешната кампања на опозицијата, не гласаше за оние кои немо гледаа, креваа раменици и ништо не превземаа кога тој народ им кажуваше дека не ја бива работата.
Можеби има голема доза на суеверие во баксузноста на тринаесетката и страшноста фотошопираните ликови на кандидатите за градоначалници, но после децениска тортура со шпански, колумбиски, турски и какви уште не кич перачни на мозоци во јавниот мејнстрим, што друго да се очекува?
После сета оваа наметната "неправда" со експлицитно "дупење во мозок" на се што значи во моментот опозиција, целта е македонскиот граѓанин да си рече: ПА ШТО МОЖАМ ЈАС ДА НАПРАВАМ-САМО ОБИЧЕН ЧОВЕК КОЈ МОРА НЕКАКО ДА ПРЕЖИВЕЕ ДО НАРЕДНА ПЛАТА!
-Нека прават што сакаат само да има мир, ЖИВОТ, и какво-таква живеачка во некаков си спокој...
Името?
Па името и така и така во моментот е БЈРМ.
Македонија ке си ја носиме во срцата, ама важно ни е влез во ЕУ и НАТО, каде ќе бидеме "богати", полни со ЖИВОТ и сигурни по нашата безбедност.
А и Македонија конечно ќе се обедини (Вардар, Егеј Пирин и -"цела да е..." патетики.)
Кога ќе го срушат достоинството, самопочитта, гордоста и честа на еден ваков перфиден начин на македонскиот народ, тогаш ќе го видиме сценариото за влез во ЕУ и НАТО на тацна и сите можни белосветски бирократи и мешетари ќе дојдат да ни кажат како тоа они нас не спасиле од канџите на нашата сопствена глупост и "недокваканост".
И вистината да биде посурова, сите ние (или во мнозински дел) кон ова сценарио на еден или друг начин придонесуваме активно!
Со секое наше исмевање на глупоста на "црпнатиот"!
Истиот тој што беше "жртва" и цел на "обид а убиство" и јавен линч пред портите на ЕВРОПА.
На 27-ми Април 2017 година очите на Македонската јавност не беа единствените вперени кон   племенското варварство во највисокиот законодавен дом на демократијата.
Нас како држава и народ не гледаа и некојси  "високосвесни" граџани од цела Европа и светот и притоа се прашуваа какво е ова "зло" на европскиот континент, што со дивјаштво мери сила!
Е тоа "зло" драги мои бевме сите ние како Македонски народ.
И во очите на овие "високо-освестени" европски граѓани Премиерот Зоран Заев (кој што многумина самопрогласени гласноговорници) е МАЧЕНИК кој што ќе ја одведе Македонија во нејзиното подобро утре!
Патот е трасиран за долгогодишна поддршка на актуелната власт од целиот американски и европски естаблишмент, и ако некој има алузии дека многу бргу ќе падне оваа влада (сама од себе) страшно се "вара".
Таа е тука да остане...
Главно поради недостаток на контра мерки од ситуацијата "луд-збуњен-(не)нормалан" во која не знаеме "каде ние тоа грешиме", заслепени од нашата самобендисаност?


А театарот продолжува да емитува програма.
Кој во публика, кој позади кулисите, кој на сцената, кој зад пултот со музика, кој со светло-опремата... Сите придонесуваме во овој опт хаос во кој поголемите ајкули (допрва) ќе ги јадат помалите рипчиња, кои штотуку пркнале во овој наш дисторзиран "БЛУЗ МУТНЕ ВОДЕ".

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот