Ползејки низ клучалката на твојата младост,
како утринска магла под прагот на туѓата куќа,
каде прв пат ти посака да те гушнам,
со сиот немир и воедно спокој,
се разбравме за миг.
За жал не за долго....
Онака како што ти ми вети, а посакав јас,
засекогаш се чини е предолго,
за заветот даден, под прекривката на мојата дланка.
Изгоре нечујно, не не за ништо,
се она што се обидов да планирам...
Сега знам: Ти не си план...барем не мојот...
Замина така како што дојде...Со СМС и без збогум...
Нема сон без горчина, да проголтам...
Жештина во есенскава суровост...
Ти стана чаура на твојот инат, наместо момент на занес..
Миг кој требаше да трае вечно...
Тоа би го посакал, на прагот на туѓиот сон...
Онаму каде првпат те бакнав,
под твојот рид на ѕвездите на твојата младост.
Но за тоа друг пат...
ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!
Расол за мамурлак или "поштено" добредојде
Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment