(Инспирација од еден колега-фала му)
Љубовта во име на одмаздата, е само чекор напред кон крајно понижување на сопствената неподвоеност, во прилог на задоволување на архаичното его наречено инает.
Паралелно на тоа со загубени и неразумни принципи во име на некоја идна слава за благосостојба на битието од кое зрачи нечија личност, може да допринесе за целосна деградација на моралното олицетворение од коренот на нечие постоење.
Секое добро за лошо ке да е... Иако никој не треба да се стреми кон тоа...
Фаталистичкиот концепт на живеење на животот со морална деградација на вредностите со кои сме растени од една табула раса, неповратно го менува човекот а со тоа и времето неопходно за востоличување на повисоки стандарди на сопствениот престиж.
Оттука индивидуализмот кај секој од нас е директна причина за глобалниот впечаток на дисбалансот на цела една генерација на било кое глобално ниво.
П.С.Започнав со љубовта, продолжив со интроспективни клаузули за да поентирам со општа категорија на едно заедништво кое би можело да се манифестира во блискост на поимот за подобро утре....
П.П.С. Сигурно се прашувате каква врска има ресавската школа со овој текст....? Па, распрашајте се за оваа школа во Србија, и организирајте си "студирање" на ова вечерно училиште...
П.П.С. Сигурно се прашувате каква врска има ресавската школа со овој текст....? Па, распрашајте се за оваа школа во Србија, и организирајте си "студирање" на ова вечерно училиште...
No comments:
Post a Comment