Твоите очи
Гледајки ги како се затвараат
пред да згасне денот во тебе
и уште еден спомен да летне во неповрат
останаа запаметени за момент во мојот здив.
Ти заспиваш, телото ти паѓа во безгрижност,
здивот фаќа чекор со помислата за сигурност
за уште една ноќ заедно, еден покрај друг.
Сакам да останам буден.
Не сакам да те препуштам на мојот сон.
Сон кој може да ме замае, да ме занесе...
Го наслушнувам твоето срце, твојата живост и спокој...
Ти...
Ти спиеш.
А твоите очи ме гледаат.
Не сакам да го заборавам сјајот кој прво ме заслепи за потоа да прогледам.
Заедно со тебе.
Со твоите очи кои останаа да висат над мојот свет на празнина.
Само крик на воздишка, за ново утро, во новиот ден.
Ден без тебе...
"80" убав број, како причина. Уште повеќе што е реален.
No comments:
Post a Comment