Постојат моменти во животот кога под налет на сопствената немоќ, човек започнува да се откажува од својата улога во сопствената манифестација во рамки на неговото опкружување и околина.
Со еден обичен говор со кој се отвара душата во насока на сопствениот непрегор, воедно борејки се за идеалите на вистината и правичноста, преку лицето на универзалните човечки вредности и способност за обединетост околу една идеа, за доброто на поширокото семејство наречено Македонија, се загатнува нова надеж за пркос на сите небиднини кои се надвиснале и сакаат да го раскинат истото тоа семејство одвнатре, со помош на "соседите-ближни и подалечни".
Вековниот извор на непокорот се уште блика со енергија за одбрана на сопственото семејство...И тоа ушто посилно и уште порешително.
Она за кое што сонувале генерации, на моменти се бореле и го дале својот живот, е вткаено во 15-тина минути на искажани зборови, на чиста човечка и татковска мисла "за да нас не биде", и покрај се и сешто....
Македонија е име....Македонците се факт....Имаат своја автентична мисла и сила....Имаат свој разум, срце и душа....
Проговори разумот, се воздигна душата, зачука повторно срцето....
МАКЕДОНИЈА КЕ ЈА БИДЕ....
За тоа вреди да се бориме....
No comments:
Post a Comment