ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Saturday, November 23, 2013

Сонот за вчерашното утре

Имаше очи како роса,
падната на утринска гранка, штотуку расцветана,
за вистината на минатите времиња,
онака како што претци ја создавале нашата сегашност.
Во коси втренчана нежност,
на допирот од кој застанува срцето.
Тоа е блискост што било кој може да ја посака,
за волја на она што било.

Лажејки се себеси, човек спознава друга посебност,
на големината на сопственото срце.
Дланка далеку напред подадена, за стоп на страста,
со надеж за разумна предодреденост.

Само збунетост на моментот,
во очи на изминатата љубов....
Сваќаш дека си направил вистински избор...

А она што било е само сон на вчерашното утре.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот