ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Saturday, July 11, 2015

Гледавме за вас: "Mulholand drive" (мк. "Булевар на ѕвездите")


Доколку мислевте дека знаете се за добар трилер филм и на кој начин истиот можете да седнете и да го изгледате за ваше лично задоволство, сето тоа што сте го знаеле, можете да го завиткате во пластична тоалет хартија и да го фрлите во најблиската ментална болница за да биде запалено во крематориумот, од кој никој жив не излегол.


"Mulholand drive" или "Булеварот на ѕвездите" е авторски филм на (според мене) кумот на филмската перверзија во нејзината нај пародична форма на егзистирање и перцепција.
Дејвид Линч на еден субкултурен начин преку ова свое мајсторско дело успева да допре до врвот на светската мејнстрим филмска публика, иако е дискутабилна таа негова намера, колку и да сакаме да мислиме дека фимовите се прават за да бидат погледнати од одредена целна публика.

Целиот филм наликува на мноштво од сцени, кои со својата целовитост создаваат еден комплексен збир пред се на љубовна приказна со судбински предзнак на детерминираност, општествена условеност, карактерна збунетост и измешаност, уметничко-стилизирачка форма на израз со предиспозиции на мјузикл....
Филм внатре во филмот, сон во сонот, реалност надвор од самата себе... На моменти страшен фаталистички лајт мотив на широко присутно чувство на загрозеност, себепреиспитување и потреба од конфирмација на сопствениот идентитет на личноста.
Дејствието на филмот започнува како сон, за да заврши со нечија смрт. Она што на почетокот се чини девствена наивност, на крај завршува со чувство на вина која завршува трагично, во хаосот на сопствената бојазност од неуспех и промашено чувство на припадност, предизвикано од љубовта кон сопствената естетска фигура на полност.
Во филмот исто така е застапен своевиден револт на авторот од медиокритетските вредности во кои е забегана целокупната филмска индустрија, илустрирајки ги на перфектно суптилен начин и причинителите за ваквите состојби. Невидливите мајстори на контролата и манипулацијата, без разлика на цената во механизмот на парите наоѓаат своја поткрепа во плашливоста и неодлучноста на носителите на уметничкиот израз, притоа не срамејќи се да уценуваат, да се закануваат и да убијат ако треба...
Потоштеноста на индивидуалецот, без разлика на неговата енергија, решителност и младешки соништа, неминовно завршува како жртва во челуста на општествените норми независно на нивната оправданост и целисходност.

И на крај без разлика што филмот претставува своевиден мозаик на фрагментирани парчиња, по нивното гледање од страна на гледачот, остануваат многу дилеми неодговорени, неразјаснети и под знак прашалник.
Од лична перспектива како гледач би можел да кажам дека станува збор за филм кој по првото негово гледање ме направи толку немоќен што ме тераше да пцујам, колнам, удирам во предмети, кршам. Впрочем како и целокупната публика што заедно со мене излегуваше од некогашното кино "Култура" во Скопје. Многумина останаа вчудоневидени од дрскоста, уште повеќе беа запрепастени од парадоксалноста на сценариото, во глобала сите негодуваа, а многу малкумина посакаа овој фим повторно да го погледнат. Помеѓу овие последните сум и јас (вашиот рецензент) кој со нетрпеливост го чекаше пиратското издание на филмот на VHS касета.

Не знам дали еротските свени во филмот се во функција на неговата популаризација или напротив.... Но сепак овие сцени сами по себе се далеку повпечатливи од мноштвото банални разголувања на филмските актери/ки... Во спој со целокупната парадоксалност на филмот, разголеноста на главните ликови (Наоми Вотс и Лаура Хардинг) е само капка во океанот на патетичност и незначајна маленкост на душата на поединецот и неговата идеализирачка форма на оправданост за своето постоење, изразена преку поимот љубов.
Пишувајќи за филмот од денешна дистанца на временска детерминираност, забележувам дека имам многу што да кажам за истиот... Притоа јазикот кој го користам е невообичаен дури и за мене, како рецензент...
Не е едноставно да се објасни сцената кога еден случајно избран каубој под оскудноста на една единствена светилка на крајот од кој знае каде, се обидува да стави разум во нештата онаму каде истиот е непотребен.

Моќтта на театарот отсекогаш била и ќе биде способна да го менува карактерот на современието кое го живееме. Самиот Дејвид Линч тоа маестрално го портретира во моеби една од најсилните свени некогаш прикажани на филмското платно, едноставно преку зборот "Силенцио"....
Затоа само би рекол, не одолговлекувајте.... Не калкулирајте со својата немоќ за спознание на вистинските "Вас"...
Секој од нас сам си го трасира сопствениот "Булевар на ѕвездите"...
Погледајте го филмот, не очекувајте премногу, затоа што можете да "заглавите" онаму каде што пред вас никој жив не претстојувал....

Погледнете ја изјавата на самиот Дејвид Линч која е објавена за јавноста во рамки на Јапонската верзија на ДВД изданието на филмот во 2001 година:


Премиера: Октомври 19, 2001 (USA)
Режисер: David Lynch
Времетраење: 2h 27m
Сценарио: David Lynch
Песни од филмот: CryingI've Told Ev'ry Little StarSixteen Reasons

  1. Актерска екипа
    Naomi Watts (Diane Selwyn)
    Naomi Watts
    Diane Selwyn
       
    Justin Theroux (Adam Kesher)
    Justin Theroux
    Adam Kesher
     
    Angelo Badalamenti (Luigi Castigliani)
    Angelo Badalamenti
    Luigi Castigliani
     
    Ann Miller (Catherine 'Coco' Lenoix)
    Ann Miller
    Catherine 'Coco' Lenoix



Blogger Widgets

Автори на блогот