ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Saturday, August 20, 2016

"За пропаста на едно општество" или "Зачувување на идентитетот на еден народ"

Ако сакате едно општество да пропадне, оставете го само на себе, без до крај функционални закони, институции, регулирани односи, норми и правила.
Занемарувањето на евидентни проблеми, пропусти и спротивставености на секој чекор околу нас, е состојба навидум на затишје пред бура.
Селективна правда, криминогени навики кои никако да бидат искоренети, протекционизам, клиентелизам, премолчување на вистината, кодошлук, злоупотреба на функции, егзистенцијален конформизам, закани, уцени, неоснован реваншизам, занемарување на евидентни проблеми на дневна основа без стратешка визија за долгорочно справување со истите, сеирџиство и подготвеност за превземање на акции за кочење и уназадување на напредните сили и процеси, неподготвеноста за дејствување во насока на подобрување на состојбите......
Колку на прв поглед да се мали и безначајни овие рак рани кои неосетно се јавуваат кај поединци, создаваат околу себе канцерогена маса околу која се лепат и оние кои имале барем некаква елементарна идеја и подготвеност за напредок и перспектива.
Во услови кога поединци со сите сили и капацитет, со цела снага и потенцијал влечат напред, на возот наречен "реформи", се качуваат патници кои со себе носат дел а не ретко и сите овие погоре напроени појави и кои по секоја цена тежнеат да ги одбегнат обврските што со себе ги носи едно демократско општество, чувствувајки ги за потребни само привилегиите кои ги носи таквото општество.
Длабок и поразителен е фактот кога на "фронтот" рамо до рамо со тебе стои човек кој за околината не создава ама баш никакви вредности, и уште пострашно, ги уништува веќе создадените материјални и духовни добра, а, истовремено е финансиски далеку повеќе вреднуван и наградуван.
Ваквите "среќни ѕвезди" во општеството можеби светат со некаква светлина, купена единствено со моќта на парите, (или начин поврзан со погоре наброените декадентни појави), но длабоко во својата природа во историјата се причина за декаденцијата на многу помоќни империи и царства од денешна Македонија.
Идејата и политичката визија не смее и не треба да биде доминантен критериум во етаблирањето на вредносниот систем во нашата држава (и која било друга држава), врз основа на кој ќе се продуцираат поединци кои не создаваат нови вредности.
Градацијата на статусот во општеството врз основа на реално создадени вредности (во било која општествена гранка), не смее да биде потчинувана на потребата за контрола на општествените процеси, преку наметнување на силата на мнозинството кое гравитира под просекот на потребниот реформски курс на една заедница во современие кое мора да биде одживеано достојно и целисходно. Притоа вредностите создадени во таква една сегашност, без двоумење мора да обезбедат вредносен раст во перспектива за иднина и тоа во што е можно поширок концепт на опфатеност на граѓанството... И во еден таков систем на создавање реални вредности секој поединец да си го најде сопственото место да биде дел од самиот систем, продуцирајки нови вредности за себе од пошироко значење за општеството. Беспрекорното вреднување на создадените вредности од друга страна не смее да доведе до создавање на класна поделеност во самото општество, туку подложено на саморегулација да обезбеди корективни механизми за ефектуирање на максимална креативна енергија на сите поединци во заедницата.
Кога продуктивноста ќе доведе до трупање на несразмерно голем економски капитал истиот да биде подложен на реинвестирање во самиот процес на создавање на вредности (вклучително и квалификација и инвестиции во развој на капацитетите на економски најнестабилните структури, под директно менторство на предводници на продуктивно успешни алки од синџирот на стопанството). Така преку повеќекратно повторување на ваквиот цикличен процес на социјална распределба на профитот во насока кон развој на финансиски нестабилните елементи во општеството и нивна оптимализација кон идејата за создавање на вредности од поширок општествен интерес, може да обезбеди долготрајна стабилност на условите за живот во една општествена целина.

Ваквиот цикличен социјален концепт на институционалните инструменти во услови на присутна глобализација и капитализација на финансиската моќ во затворени кругови на моќ на глобално ниво, се чини единствено можно решение за преживување на националните држави ограничени на мал територијален простор. Цикличниот систем на социјализам базиран на пазарно-вредносни темели може да создаде компактна маса на поединци кои функционираат со целиот свој потенцијал кој го имаат на располагање (саморегулиран од внатрешни вредносни содржини), кои во една таква оптествена целина можат многу по успешно да изградат и обезбедат свој идентитет во ера на масовна светска глобализација, под налетот на корпоративната трка по пазар, ресурси и профит преку обезличување на хомогеноста на еден народ или држава.
А во коренот на овој така обединет концепт на егзистенција стои апсолутната и неприкосновена примена на законот и во најзанемарливите пори на општеството, преку саморегулација првенствено во односите на локално ниво, па се до сите останати инстанци на делегирана власт и управување.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот