ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Wednesday, August 31, 2016

Да ги вратиме назад


Огромен успех на било кој политичар (општествен деец) од Делчево е ако преку неговата работа успее да врати барем еден делчевец, кој што заминал од Делчево да живее и работи во странство, да се врати во родниот град.
Истото се однесува и за оние кои допрва би можеле да го напуштат Делчево, поради било какви причини.
Креирањето на општествена клима на припадност, себеостварливост и перспективна иднина на нашите сограѓани во Делчево е комплексен и широкоопфатен проблем, кој што бара константно внимание и посветеност на сите чинители на јавна дејност во нашиот град.
Почнувајќи од 
-семејството;
-образовните процеси;
-бизнис климата;
-правични морални и општествени норми со безкомпромисен акцент на вреднувањето на трудот и знаењето;
-прифатеност на уметничкиот карактер на поединецот и толеранција на различностите по било каква основа;
преку
-искрено сочувство и желба да се помогне на секого во било каква неволја или проблем;
-меѓусебната толеранција и разбирање; 
па се до
-институционална проекција на политики во кои доброто на поединецот се вреднува на ниво на апсолутен приоритет, во глобален контекст на општествената заедница како што е нашиот град.

Да резимирам: Неможе несреќата на еден поединец да се оправдува преку доброто на заедницата. Секој поединец ни е вреден како што самите на себе сме си вредни.
Мораме да се потрудиме повеќе!
Со секој нов ден, со секоја наша мисла и дело.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот