ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, October 9, 2016

За слободната волја

Сите земски правила и практики доколку не се во согласност со благопријатноста и слава на животот претставуваат инструменти за контрола на слободната волја, која ни е дадена во моментот на нашето создавање.
Поголема или помала контрола над слободната волја не постои т.е. интензитетот на уништување на благодетта на слободната волја зависи од нивото на способност за резистентност на поединецот, условена од капацитетот на неговата личност.

Смртта е смрт, страдањето е страдање


Не можам и не сакам да се радувам, оправдувам или величам убиство на било кој човек поради било која причина.
Страдањата на било кој поединец е и мое страдање, зошто едно битие сме, дел сме од едно тело на светот денешен.

Мал прирачник за поробување на еден народ

Ако сакаш да поробиш еден народ еве мал прирачник во неколку чекори како тоа да ги сториш најлесно:

Тези со епилог за некои актуелни прашања


Теза бр.1:
Борбата на "народот" против "режимот" не успеа поради немоќата на организаторите на таа борба да сватат што значат суштински овие два термини: народ и режим.
Епилог бр. 1: 
Неуспешна револуција.

Sunday, October 2, 2016

Мислители и создатели


Постојат создатели и мислители.
Исто така постојат мислители за она што други го работат и создатели на она што други ќе им кажат да направат.
И некаде на маргините постојат луѓе кои всушност размислуваат за тоа што го прават!

Thinkers VS Doers


There are doers and thinkers.
There are also thinkers about what others do, and doers what others think...
And somewhere far away there are people who think what they actually do!

Wednesday, August 31, 2016

Да ги вратиме назад


Огромен успех на било кој политичар (општествен деец) од Делчево е ако преку неговата работа успее да врати барем еден делчевец, кој што заминал од Делчево да живее и работи во странство, да се врати во родниот град.

Saturday, August 20, 2016

Simple is better

All the simple things in life are the right ones.
Follow simplicity and live righteously. First to yourself and than to everyone else.
Join the worlds order as it is by nature. Do not destroy it.
The universe is greater than we can imagine.
So join the trip as it is.
Accept the power given from the earth and water, fire and air.
Time awaits for your acceptance.

"За пропаста на едно општество" или "Зачувување на идентитетот на еден народ"

Ако сакате едно општество да пропадне, оставете го само на себе, без до крај функционални закони, институции, регулирани односи, норми и правила.

Friday, July 29, 2016

Деца на сонот


Повели...
Срцето...
Прави што сакаш
Со него...
Зошто на тебе
ми е најсигурно да го дадам, а да не го ставиш во кутија.

Saturday, July 23, 2016

Вистинска бесмртност


Само материјата која не може да премине во бесмртност, се стреми да се размножува!

Sunday, July 17, 2016

Збунетост

Изгледот на лицето кога по геостратешки интереси сте про-американски ориентирани, а имате девојка од Русија....

Украси на ѕидот наречен душа

Понекогаш животот знае да блесне во форма на насмевка пратена од небесата, да слета ко гулаб на утринска роса, да пламне ко најсилниот вулкан од земјината утроба....

Sunday, July 10, 2016

Привлекување


Биди сонце.
Само на таков начин можеш да привлечеш комета.

Thursday, June 30, 2016

Таа... (Втор дел)

Ти и јас, јас и ти еден без друг како без дом, како без огниште ... како секој од нас без себе...

Wednesday, June 29, 2016

Ветерна аналогија


Утрово кога станав, се разбудив за тебе, да те видам со отворени очи.
Ти не беше тука.
Утрово кога станав, те побарав да те гушнам...
Наместо тоа се гушнав себеси...

Што сум јас ако не само човек?


Замисли, колку ли моменти и колку љубов има исчезнато , нечуено, чекајќи да ни се јават... А не обидувајќи се ние самите да го сториме тоа! Јави му се... Кажи му дека ти недостига, да може тој да ти каже колку те сака па да си го земеш лекот за срцето навреме!

Friday, June 17, 2016

Видов многу

После секоја војна, 
после секоја насмевка, 
после секое скршено срце, 
после секој волшебен поглед, 
после секоја солза...

Tuesday, June 7, 2016

Таа... (дел први)


Iako e nevreme nadvor sonce neka ti sveti vo gradite...

После добра ноќ


Очигледно спиеш сонце, 
утрово тмурно е,
заспала светлината на светот во твоите очи
а облаци се надвиснале кога тебе те нема.

Friday, June 3, 2016

Помен за светлината во твоите очи (дел 2)


Сведок сум на допирот на прекрасни нешта родени од небесата, во овој дом изграден од насмевки, погледи и трепет на срцето....

Remember the light in your eyes


I remember what you did last night.
The day when I had become desolate in my own coincidence. Suitable in my own consciousness.
Waiting... Wanting...
No more...

Thursday, June 2, 2016

Остаток од светлината


Понекогаш, само понекогаш животот ќе блесне со сета своја убавина.
По трошките светлина на она што ќе остане од тој блесок ќе продолжиме да го следиме патот кој што доаѓа потоа.

Sunday, May 15, 2016

Насмевка, сонце и топло срце



Милувајки те тебе со мислите,

осеќам ко да го милувам животот,
ти си се во еден сон...
И надеж, и страст, и милост, и гордост....

Thursday, May 5, 2016

Изјава за медиуми-Собир ГДОМ Делчево 04.05.2016

Почитувани претставници на медиумите,
Добродојдовте на овој мирен граѓански собир во срцето на Делчево, чиј што патрон е апостолот на Македонското револуционерно движење, Гоце Делчев.
Нека му е вечна слава!
Сведоци сме како жители на Делчево на една долготрајна политичка криза во која доминираат штетни процеси за иднината на Македонија.
Собрани сме овде да порачаме пред целата домашна и светска јавност:

Говор пред делчевчани:Собир на ГДОМ 04.05.2016

Почитувани пријатели Драги Делчевчани,
Жители на Разловци, Ѕвегор, Габрово, Град, Вирче, Стамер, Тработивиште, Истевник,
Храбри и горди Македонци!
Гледајки ве вака со решителен и горд поглед на Вашите лица, можам гласно да заклучам:

Thursday, March 24, 2016

I remember


I remember watching the future,
how it circles around the will of today.
And in that sight I recognized
the promised past that we used to live by.

Friday, March 11, 2016

Извадоци од имагинацијата


Ти си сон од човечко суштество
најпрекрасен што може да се сони...

Sunday, March 6, 2016

Земјата на Александар од татко Филип

Таа земја што некогаш ја газеле луѓе како нас по тело и раст,

Sunday, February 28, 2016

Ако...


Ако сонот има име,
и таму некаде како спомен, запишан во книгата на моето срце,
тој мал момент од потсвеста на мојот заспан здив,
знае да влее раскош во мојата душа....

Подготвени за утрешниот ден

Кога денот повеќе нема никаква логична смисла, дали она што ни преостанува како можност е да заспиеме или да се обидеме да пронајдеме смисла во она што се вика утрешен ден?
Што ќе се случи кога ќе се наредат повеќе такви денови кои немаат смисла еден по еден?
Цела година да ја преспиеме? Или можеби цел живот?
Не!
Се е прашање на смислена матрична причинско-последична рамка која произлегува од ограниченоста на човечкиот ум за креација, имагинација и изнаоѓање на соодветни формулации за толкување на поимите и појавите.

Светилиште на љубовта

Ако сите симнати ѕвезди во моменти на занес досега беа искрени и вистински, 
денес планетата земјата ќе беше светилиште на љубовта!

Помеѓу сонот и материјалниот свет, се е надеж и фантазија

Многу е тешко човек да биде познаен и признаен од околината по својата добрина!
Особено во денешно време и општествена реалност.
Во такви околности добрината на човечкото срце понекогаш станува дури и предмет на исмевање, омаловажување и потценување.

Monday, February 22, 2016

Кон одбележувањето на 72 годишнината од “Февруарскиот поход” 1944-2016, Планинарски марш Делчево-Голак







Делчево, планина Голак, Планинарски марш за одбележување на 72 годишнината од “Февруарскиот поход” 1944-2016 година.
Релација Делчево-Голак. Патеката е долга 24 километри (во двата правци), средно тешка, со совладување на надморска висина од 900 метри од 640 mNV до 1536 mNV.

Tuesday, January 12, 2016

Предспивна


Месечино полноќна...
Убавината твоја се чини нема крај.... 
И муабетот со тебе... 
Ке си дозволам да те понесам во мојот сон... Зошто да бидам буден при ваква убавина на сонот кој ме очекува...
Едноставно сум опиен од помислата на самиот сон.... 
Морам да си легнувам... 
Утре ке си простам што те оставам вака, а за вечерва .... 
Срцево нека одбере....
Имај убав сон a тебе ти благодарам за увертирата во мојот...
Убавино полноќна...
Blogger Widgets

Автори на блогот