ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, March 6, 2016

Земјата на Александар од татко Филип

Таа земја што некогаш ја газеле луѓе како нас по тело и раст,
Таа земја над која сонцето изгрева исто гордо како и тогаш над нас,
Таа земја во која неколкумина сакаат да ја наметнат волјата над останатите нас,
Таа земја има своја живост и глас.
Само ветрот знае колку слобода има во широчините над нашиот поглед.
И знае како е да бидеш затворен во четири ѕида.
Во моменти на презир на нашиот неограничен дух, само небото има смисла да посегнеме по него. Зошто земјата не прави робје, заковани за нејзините плеќи.
Земјата на Александар и неговата логична причина-Филип.
Првиот посегнал по сонцето, вториот сонцето го пронашол во утробата на земјата...
Нека не не залажуваат...
Ние сме Александар и Филип,
Татко и син, на денешното време.
Во чекор еден до друг, некој понапред друг поназад.
А време ко време.
Постои само во вијугите на нашите беспомошни мисли пред бесконечниот претстол на универзалната вечност.
И така заглавени во микропросторот на сопствените четири ѕидови кои околу себе ги носиме од раѓање, повремено, понекогаш се осмелуваме да посегнеме кон небото...
Да го допреме сонцето, да изградиме своја сопствена црква налик на Божјата.
Во секој од нас демнее по некој Александар, роден од некакив Филип...
Приказните постојат за да се раскажуваат, независно дали се измислени или вистина.
Времето иако стои во тие приказни како неподвижен момент, биолошкиот часовник отчукува.
Посрамотени, уплашени....
Сакаме да застане времето за секој од нас!
Во истите тие приказни кои ги имаме слушнато и раскажувано.
Да остане споменот за нашите ликови втиснат во камен, бронза, злато...
Под безмилосното сечило на неизбежната гилотина која пополека распара дел по дел од нашата живост.
Споменот кој единствено има смисла во блесокот на очите на другиот, тој-ти.
Но се додека не ни текне да се изместиме од патот на ножот, извиците на свештеникот кој повикува на покајание и проштение се повеќе и повеќе ќе ни се чинат единствена логичка последица и целисходност на нашиот живот.
Во бескрајна агонија на сопственото пропаѓање како морален идентитет, се чини светлината на сопственото "јас" губи од својот сјај пред гласот на околината.
Застани за миг, наслушни...
Можеби ќе се слушнеш себеси.
Деца на Александар, синови на Филип...
Вие сте хериоте на нашето време...
Колку тоа познато и да звучи, прочитано во книгите на светските класици.
Научете го тоа за пркос на иднината.
Таа која денес ќе ја создадеме!

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот