ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Thursday, May 5, 2016

Говор пред делчевчани:Собир на ГДОМ 04.05.2016

Почитувани пријатели Драги Делчевчани,
Жители на Разловци, Ѕвегор, Габрово, Град, Вирче, Стамер, Тработивиште, Истевник,
Храбри и горди Македонци!
Гледајки ве вака со решителен и горд поглед на Вашите лица, можам гласно да заклучам:
Готово е со сите деструктивни сценарија на странските платеници и предавници, 
Готово е со сите уцени и омаловажувања на Македонскиот народ,
Готово е со Зоран Заев, кој ќе си го најде заслуженото место во оваа наша мачна и тешка голгота во која сака да ја втурне нашата држава и целиот наш народ!
Не поминува!
Прочитан е како буквар во прво одделение!
Македонија не е за продавање, Делчево не е општина за подкусурување во неговите бизнис зделки за негов и само негов личен политички профит!
Драги браќа и сестри Македонци,
Вашето трпение и гордост се нешто што повторно некој се обидува да го погази!
Собрани сме овде заедно сите во еден глас да му кажеме на светот:
• Доста беа уцени, закани и омаловажувања на гласот на Македонскиот народ!
• Крајно време е да им кажеме ГЛАСНО НЕ на сите оние кои како мршојадци сакаат без избори да дојдат на власт во Македонија.
• Достоинството на делчевските граѓани не може да биде купено со странските пари на СОРОС!
• На делчевчани им се потребни проекти за подобрување на нивниот секојдневен живот, а не деструктивните сценарија подготвени во странски платенички кујни од типот на Канвас и СОРОС. 
Народот има право на свој избор и своја иднина.
За нашата заедничка иднина порачуваме дека:
1. Нема да дозволиме странски шпионски агенции да не претворат во нечии робови, со распродажба на се што поседуваме како држава.
2. Нема да дозволиме непријателски интереси повторно да ја делат Македонија по било која основа!
3. Нема да дозволиме некој без избори да доаѓа на власт во Македонија!
4. Нема да дозволиме по којзнае кој пат аболицирани политичари и докажани криминалци да ги продаваат Македонските национални интереси и да го напаѓаат и уништуваат Уставот на Република Македонија!
5. Македонскиот народ има свое демократско право да избере легитимна власт која ќе ги застапува неговите интереси на изборите закажани за 5-ти Јуни.

Македонија на Македонците!
Така било така и ќе остане!
Нашите очи и очекувања се вперени во Македонија и Македонските институции.
Ние резервна држава немаме!

Не можам а да не проговорам и за луѓето кои дошле на нивниот протест од другата страна од спротивниот табор. Тоа се следбеници на истите оние луѓе кои во Скопје вандализираа имот на Република Македонија, се пресметуваа со Македонската полиција, дивееја по улиците....
Тврдат дека протестираат за недостиг на некаква според нивен вкус демократија.
Ние можеме да им порачаме дека можат да протестираат колку сакаат, затоа што во Македонија и во Делчево демократијата и правото на протест е основно загарантирано демократско право.
Велат дека протестираат против избори на 5-ти јуни. Истите тие бараа избори 2008, 2011 и 2014 година. И откако видоа дека изборите ги губат катастрофално посегнаа по она што неколку луѓе во седиштето на Бихаќка најдобро го знаат а тоа е само и единствено креирање на политичка криза во државата под диктат и раководство на странски центри на моќ.
Собрани сме овде да им порачаме дека нема подемократско право од загарантираното право на избор на политичко раководство на институциите во Република Македонија , искажано преку гласот на секој поединец од нас.
И затоа избори ќе има, не затоа што Зоран Заев тоа го бараше!
Затоа што Македонија е демократска држава во која власт се бира на избори а не така како што сака СДС и нивните сателит организации обединети околу парите на СОРОС.
Доста ни е од нивните технички влади кои на Македонија и нанесоа само непоправлива штета и уназадување.
Македонија мора да се ослободи од прангите на Зоран Заев.
За крај само ќе кажам:
Неможам а да не ги забележам лицата на некои од вас кои беа на големиот граѓански собир пред домот на Македонската демократија-Македонскиот парламент на 21 минатиот месец.
Оние над 300 луѓе кои гордо и непоколебливо маршираа по улиците на Скопје, извикувајки Македонија, Македонија, кои беа пречекани од граѓаните на целата држава со бурни аплаузи и скандирања пред споменикот на Никола Карев.
Сите ние заедно тогаш на раце ја однесовме во срцето на Македонија, Македонската гордост низ вековите на историјата.
Македонското шеснаесеткрако сонце од Кутлеш.
Да му покажеме на светот кои сме и од каде доаѓаме.
Од овие ридови зад мене доаѓале најелитните борци во гардата на Александар Македонски кои исто така на своите раце го носеле ова сонце ширејки го уште тогаш македонскиот мултикултурализам и свет без граници.
На вашите лица вечерва го гледам истото тоа сонце како свети за идните генерации кои доаѓаат по нас.
Браќа и сестри, Македонија е можеби мала земја по територија, но со неизмерна големина на Македонскиот дух и срце.
Сите ние Делчевчани сме горди сведоци и носители на тој горд и неприкосновен дух кој тлее во секој од нас.
А тоа никогаш за ништо нема да се промени!
Господ да го благослови ова парче земја кое за ништо на свет не го даваме!
Ви благодарам

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот