ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Thursday, May 5, 2016

Изјава за медиуми-Собир ГДОМ Делчево 04.05.2016

Почитувани претставници на медиумите,
Добродојдовте на овој мирен граѓански собир во срцето на Делчево, чиј што патрон е апостолот на Македонското револуционерно движење, Гоце Делчев.
Нека му е вечна слава!
Сведоци сме како жители на Делчево на една долготрајна политичка криза во која доминираат штетни процеси за иднината на Македонија.
Собрани сме овде да порачаме пред целата домашна и светска јавност:

• На Делчево и на Македонија доста и беа уцени, закани и омаловажувања на Македонскиот народ.
• Македонија е демократска држава во која врвното избирачко право на било кој Македонец мора да се почитува.
• Делчево и Македонија не смеат да назадуваат во својот развој по била која основа.
• Затоа Народот на Република Македонија мора да избере легитимна Влада на директни парламентарни избори, со што ќе се осуетат сите деструктивни сценарија за иднината на државата.
Ова се дел од поентитете кои денеска од Делчево на овој граѓански собир сакаме сите ние заедно да допрат до сите релевантни структури во државата, со цел за надминување на политичката криза која го загрозува развојот на Република Македонија
Ви благодарам.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот