loading...

ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Thursday, July 20, 2017

Претворени во оружје на Боговите

"Има нешто!"
Забележано е зголемено движење на оперативци на ЦИА, МИ-6 и други разузнавачки служби во Македонија.
Македонскиот народ е горд народ. Има еден негов дел што е помалку горд. Во пресрет на најавените бугарски провокации во однос на најсветиот дел од македонската историја, сакам да порачам:
Македонци не фаќајте се како слепец за стап!
"Сеништа... Толку многу сеништа од историјата..."

Странски оперативци имаат студирано и имаат кариери изградено на нашата револуционерна илинденска епопеа. Еден македонец да има кој ќе направи било каков инцидент за време на одбележувањето на Илинден, овие мршојадци надвиснати над Македонија тоа ќе го искористат во разнебитувањето на нас самите како народ и држава.
Настаните од 27.05.2017 година во парламентот беа успешен нивен тест во таа насока. 
Не' работат како нива!
"Порака која  ќе остане запаметена од историјата"
"Некој" дозирано провоцира и гради атмосфера за насилство од страна на Македонците на Илинден. Со оперативци на терен од овие разузнавачки служби лесно може ова дозирано незадоволство да прерасне во инсталација и перформанс кој контролирано ќе предизвика ефекти кои против наша волја и интерес. А кои потоа во рамки на нивната пропагандна машинерија ќе бидат филмувано запечатени во историјата која ја создаваме против нас самите и нашите интереси.
Сите глупости, сите моронски постапки, гестикулации, вербални "ненамерни" глупирања на Зоран Заев и неговиот "неспособен" владин тим постојат само затоа што се дел од ова сценарио. Оваа програмирана инфериорност на инсталираната влада на Република Македонија треба да предизвика кај политичкиот противник чувство на надмоќ а самата Влада да биде "жртвата" цело време на секојдневните политички напади од страна на доминантно развиената медиумска структура на политичкиот противник. Така сме заглавени во редица парадокси кои успешно се поставени и етаблирани во домашната но и светска јавност а се ништо повеќе од едноставни манипулантски трикови на кои навистина ни останува само да апла-удираме.

  1. Имаме евидентна ситуација на инфериорна влада која самоуверено си прави што сака со државните институции, и задоволување на својата политичка клиентела;
  2. Од друга страна имаме "победничка" опозиција која секој момент само што не дошла на власт;
  3. Имаме поделен (читај слаб политички ентитет) народ кој е обединет само околу постојаната глад за материјално богатство, но не и создавање вредности;
  4. Имаме решителен, странски фактор кој инвестира огромни човечки и материјални ресурси во насока на имплементација на нивните стратешки планови за кои Македонскиот народ ниту е прашан дали ги поддржува (сега за сега, а кога ќе биде прашан ќе биде доцна);
  5. Имаме соседски интереси кои исто така не се во прилог на интересите на Македонскиот народ а кои преку домашни инсталации се "одомаќинуваат" привидно во државата.
Каде е "народот" на сликава?
Сетете се само на сликите на раскрвавеното лице на Зоран Заев во Собрание. На раскрвавените лица на набилданите момци околу него кои треба да зрачат со сигурност и сила а беа ставени во улога на жртви. Ова се моќни пораки кои на претстојното одбележување на Илинден можат да добијат свое засилено и мултиплицирано дејство и манифестација. На 27-ми мај 2017 година тепачите, насилниците изнудувачите, уценувачите и уништувачите се претворија во жртвени јагниња. 
И погодете "кој" беше директен причинител на овој ефект?
Македонскиот народ?
НЕ!
Македонскиот народ беше искористен од разузнавачките структури кои заедно со него влегоа во зградата на парламентот и организирано го контролираа текот на настаните.
Зоран Заев знаеше што се случува. Затоа и не испаничи кога на мониторот до него забележа дека толпа влегува во собранието. Знаеше дека тој е "пленот".
Збунетите вмровци од редот на парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ во собрание како чавки во магла се обидуваа да покажат капацитет дека ја контролираат ситуацијата. 
"Колку само симпатично изгледаше прегратката на Елизабета Канчеста со маскираниoт насилник во Македонскиот парламент!"
Народот воден од сопствената емоција си влезе во својот најсветол дом за да покаже кој е газда. Но вистинскиот газда направи подлога за перцепција од криминалци некои поединци да ги претстави како мачители.
"Инфериорниот" премиер.
Но!
Зоран Заев не е противникот. Тој е само уште еден платен соработник на многу помоќен непријател на македонските интереси. Толку моќен што се уште не сме свесни за неговото постоење. Или барем мнозинството од нас. Противник кој реди постојани успеси во деградирањето на заедништвото и обединетоста на Македонскиот народ. Насетуваме, дека нешто се случува, но нашата гордост не ни дозволува да си признаеме дека трпиме порази на тој план.
-Вистинскиот противник стои настрана и се смешка на нашата глупост дефинирана од возвишено чувство на гордост, лојалност, посветеност, кредибилност... И неукост, наивност, ограниченост и примитивен одбрамбен систем од напад кој не знаеме ниту од каде доаѓа нити кој го менаџира!
"Гордоста-убива!"
Како народ, како политички елити, како национален ентитет сме влезени во глобалистички процес на асимилација и претопување. И тоа наивно, по наша вина, т.е. изнудена волја.
Целта?
Името на Република Македонија е само флоскула за овие сценаристи. Но тие знаат дека овој збор им значи се' на Македонците!
И тие знаат дека со рушење на уставното име на Република Македонија ќе предизвикаат долгорочно чувство на контрола над Македонскиот народ. Народната изрека "Наведната глава-сабја не ја сече" во оваа ситуација е оружје кое го користат против нас самите. И тоа премногу суптилно и успешно.
Овој народ треба да стане евтина работна рака за централните држави во Европската унија. Ќе не претворат во роботи, потрошувачко општество од друга страна кое нема своја фактичка независност, изграден критички дух и стратешки определена интелектуална свест која ке води своја автохтона политичка и општествена дејност ослободена од влијание на туѓите интереси.
Силата на еден систем не е да ги уништи непријателите, т.е. елементите кои не може да ги контролира.
Истовремено територијата на Република Македонија (Папокот на светот, раскрсница на цивилизациите, Буре барут кое секој момент може да експлодира, рај и почва за расплод на разузнавачките системи) ќе стане "нафтено поле" на сите светски каубојци кои од фармери сакаат да станат идни "нафтени" магнати.
"Заедништво во функција на индивидуален прогрес!"
Вистинската сила е да ги искористиш овие елементи за постигање на сопствени цели. Контролата на животот на еден поединец ја зголемува твојата вредност за двапати. Контролирањето на два субјекти ја зголемува таа вредност по аретметичка прогресија.
Драматични резултати се постигнуваат кога цел еден народ од над 2 милиони субјекти ќе ги исконтролираш за сопствени потреби.
На долг рок тоа значи робови, кои под ударот на моќта на парите и чувството на инфериорност може со децении и со столетија да обезбеди бенефит за самиот тој систем кој ги ставил своите канџи над овој ентитет на субјекти.
"Поделени во самотијата. Трошка ветар недостига за да не скине од гранката на која опстојуваме"
Гоце Делчев и неговите изреки врежани длабоко во свеста на Македонскио народ, како и целокупната колективна меморија снимена во кодот на македонската народна ризница на знаење, може да биде опасно оружје против нас самите, доколку немаме (а немаме) изградено резистентен механизам на себеконтрола и самозаштита од ваквата опасност која се спроведува и е во тек на имплементација на ова парче земја отсекогаш. Деновиве само гледаме нејзини зашилени врвови како продираат од каменливото тло кое во голема мера е разнишано и секој момент може да го снема од под нашите чекори.
Искрено не гледам актуелна критична политичка сила која може да ја подобри оваа ситуација за мојот народ.
"Името ја дефинира содржината."
Зборот Македонија ќе биде искористен самиот себе да се негира. А за тоа ќе помогнеме сите ние-Македонскиот народ заедно!
Ќе се викаме роботи. Ќе се викаме амеби кои ќе ги на(д)градат за да станат парамециуми! Затоа што амебите немаат клеточна мембрана (а сепак со унифициран генетски материјал во себе) и кога ќе ни создадат парамециумски клеточен ѕид околу нашиот генетски код ќе бидеме благодарни и исполнети со чувство на важност и вредност.
Македончето ќе може да биде граѓанин на светот! И само затоа што така ни кажал некој друг.
Не дека до сега сме дојденци од друга планета! Но сега стварно и "суштински" ке станеме ГРАЃАНИ на светот.
А објективната наша суштина е куклена.
Кукларот?
Тоа е тој Бог на кој ние сме му овозможиле божествена улога во нашите животи.
А Македонија и Македонскиот народ ќе постои. Затоа што сме му потребни на овој Бог да работиме за неговата божественост да стане уште поголема!
"Начинот на влез во одредена просторија во огромна мера ќе го детерминира исходот по однос на целта зошто влегуваме таму!"
Blogger Widgets