ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Friday, July 28, 2017

Неизвесна иднина


Пропаста на човечкиот морал започнува со едно единствено непостапување против неморални постапки на поединци околу...
Пропаста на цел еден систем започнува со едно единствено непостапување на самиот систем против незаконските појави кои почнуваат да го нагризуваат и најсовршено-замисленото општество.
Борбата против разно-разни аномалии во општеството мора да биде бескомпромисна и долготрајна, во согласно со високи морални вредности и правно-легислативни алатки создадени за обезбедување на подобар живот на поединецот, но пред се на заедницата.
Притоа имајки ги во предвид сите актуелни текови и длабоката воспоставена традиција, но и општествени текови во поширок контекст над границите на целниот општествен моментум. 

Цел живот мајстор не значи дека човекот знае да ѕида ѕидови...
Млад чирак со многу идеи и енергија не значи дека неминовно ке вроди со просперитет.
Она што останува апотетично правилно се вредностите на морал и почит на севкупниот развој, благодет и опстојување на човечкиот род во одржливa симбиотскa заедница со животниот простор кој го опкружува.
А иднина со пропаднат морал, меѓусебна почит и селективна правда е повеќе од неизвесна.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот