ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Monday, July 24, 2017

Остајте демагогија- народот девалвира


Остајте #Цацко, остајте #Фчерашни, #ЕленаВелевска, #Мерцедесот, сметките на Алаѓозовски, #реформатори, минатото на ДУИ и нивната улога во минатата влада, празните ветувања на Заев, неукоста и неспособноста на Сугаревски, јаловоста на министерката за образование. Остајте ја закоченоста на сите институции на национално ниво и дел од институциите на локално ниво, настрана. Остајте провокации за бугарско-македонско пријателство штетно по македонските интереси.
-Министер за надворешни со педигре на приколка за нечешана волна не само што звучи гротескно туку и влева хипер комична димензија за глорификација.
Остајте настрана сите дипломи и меѓународни признанија за "ослободителот" Заев, доделени од странски фактори поставени под влијание на истите оние персони кои го инсталираа истиот овој Заев на кого му доделуваат признанија.
Тргнете настрана целата неспособност, незнаење и аматеризам на сите ново-печени функционери на највисоко политичко ниво во државата. Отстранете ги сите програмирани гафови кои како шаблон се појавуваат во македонскиот новинарски проституиран простор, за дефокусирање и замајување.
Лагата за зголемени плати, за враќање на "украдените миЉарди", за енормниот пораст на надворешниот долг на државниот Буџет, се чини како прилика од лош сон. 
И не обрнувајте внимание на сите кодоши кои заради кокетирање и "гребење" измислуваат шпекулантски етикети за довчерашните "браќа" по вработување.

Сето ова ќе помине!
Епска демагогија од типот на Марко Крале и ламјата со седум глави...
Но! Едно, не!
НАРОДОТ Е СИРОМАШЕН СО ТЕНДЕНЦИЈА ДА ОСИРОМАШУВА!
После ваков поразителен факт, Владата може да биде Влада на самата себеси, а опозицијата да се надева на поддршка од "искичмени" поединци за потајно да посакува странски фактор да ја донесе на власт!
И вечно така?! А народот-девалвира!

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот