ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, July 16, 2017

Јазикот на моето Јас


Македонскиот јазик е неразбирлив јазик за сите кои од страхопочит го негираат.
Тој јазик е напишан уште во утробата на мајките за синовите и ќерките пред да го видат светлото на денот. 
Тој јазик е роден од земјата, пренесен со реките, опеан во ветрот, овековечен низ светлината.
Македонскиот јазик е непознаница за сите оние кои користат негова бледа копија. Затоа што го научиле, но не доволно суштествено.
Македонскиот јазик не се само букви наредени една до друга за да личат убаво.
Македонскиот јазик е здив на минатите времиња.
Горд јарбол пред чија појава стојат цивилизции. Молчешкум скаменети, обвиени со чудење.
Патоказ кој самиот е дестинација.
Македонскиот јазик е вулкан кој постанал од вечна магма во срцето ан земјата.
Татнеж на срцето од најдлабоките дамари на светов немирен, кое никако да застане, да здивне!
Тој јазик!
Тој јазик се живее, не се присвојува и не се уништува!
И болката од неговото постоење најубаво се лечи ако го оставите слободен!
Империи се рушени за тој јазик, паѓале царства, кралства, режими....
И се само затоа што сакале да го уништат.
Немале доблест да се поклонат пред зборовниот ореол кој историја раскажува.
А таа историја допрва ќе се живее. Рамо до рамо со Македонскиот јазик.
Не во цевките на пушките на белосветските трговци со смрт.
Не во безбоштвото кое надвиснало од сите страни, над зборот на светлоста небесна.
Не во понизноста условена од незнаење и лекоумност.
Туку со гордоста на нашите вредности и убавини.
А најубава од сите е целовитоста на нашето заедништво обединето од сите страни под милозвучноста на мајчиниот збор кој ни звучел познато со првиот наш плач кога сме го вдишале првиот здив од ова парче небо.
Идеја, родена од мислата на македонскиот збор!
Јазикот на моето јас!
Нема ништо посилно од тоа оружје кое создава.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот