ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Wednesday, December 30, 2015

Како за возврат

Кога сите приказни ќе престанат...
Кога небото ќе разбуди ѕвезди, а низ ѕвездите очи...
Кога душата ќе затрепери само од една помисла за допир на делечината...
Од светлината на другата страна од хоризонтот, зад голиот рид над кој се надвјасало само времето.

Политички комбинаторики во служба на јавниот интерес


Сакаква политичка комбинаторика во персонални решенија, мора и треба да биде првенствено од интерес на селото, градот, општината, регионот и државата, под чие што знаме опстојува одреден политички ентитет.

Итна и постојана потреба

На Македонците не им треба поделеноста и сегментираноста на политичките партии. Во недостиг на доследни демократски практики таа е само инструмент за превласт на една група над друга во услови на немоќ и демократски капацитет на заедницата во целост.

Ти си...

Ти си само дух кој што придвижува коски на еден скелет облечен во месо, создаден од ѕвездена прашина, возејки се на карпа која што плута низ вселената.
Има ли причина да се плашиш од нешто?

Подарок

Послушност наспроти морал

Monday, December 28, 2015

Само уште една причина повеќе


Понекогаш многу често максимата "Правам се што можам што е во моја моќ..." не е единствено доволна за креирање на неопходните промени на подобро во едно општество во било која смисла на зборот.

Sunday, November 29, 2015

Freedom content

Freeeeeedom!
Извика револуционерот пред да му го одземат животот...

Тоа го слушнаа и видоа многумина како него и посакаа и они да бидат на негово место...
Не да го загубат животот, туку да му покажат на светот дека сакаат да живеат во слобода...

Да создадеме

Ајде сите заедно да создадеме деполитаризирана тампон зона во македонското општество, во која владеат закономерностите на науката, уметноста, моралот, разумот...

Итна и постојана потреба

На Македонците не им треба поделеноста на политичките партии.
Таа е само инструмент за превласт на една група над друга во услови на немоќ и демократски капацитет на заедницата во целост.
На Македонија и треба обединетост на Македонскиот народ!
Таа обединетост не се постигнува со борба, туку со љубов, почит, толеранција и меѓусебна комуникација.
Од тука започнува приказната за долготрајна благосостојба за опстанок и постоење.

Sunday, November 8, 2015

Inspiring others


Some people are simply born to become inspiration for others.
They are not called leaders...
They are called artists!

Sunday, October 25, 2015

Илузија или љубов?!?


{МК}
Немам илузии кон луѓето!
Имам само љубов...

{EN}
I don't have illusions for people!
I have only love...

Thursday, October 22, 2015

Честит 23-ти Октомври-Денот на Македонската револуционерна борба


Секоја борба има своја смисла ако создава подобар живот за мнозина.
Особено борбата за подобрување на животот на сопствениот народ.

Sunday, October 4, 2015

Избор


За човекот како фабрика на дилеми, постои само еден начин на живот.
Плод на изборот кој го прави секој нов ден, секој миг, со здивот кој живее во содејство со самиот себе.

Воздух за живот.

Sunday, August 9, 2015

Зошто посакувам многу светли ѕвезди на делчевското општествено небо?



Во овој обичен и вообичаен момент поради ненадејна дрскост кон самиот себе сакам да истакнам дека Делчево е мал и провинциски град со рурални навики за живот од памтивек до денеска. 
Оваа првична моја лична поразителна квалификација ја базирам пред се на мојата лична немоќ да видам нешто поразлично од нејзе, во услови на "громогласна" потиштеност на најисточниот град во Македонија.

За правото на избор и подреденоста на истиот


Секој човек во животот има право на два избора:
  1. Првиот да се чувствува толку голем што секој негов нареден чекор би бил комплетно разочарување и
  2. Вториот да се чувствува толку мал што секој нов ден може да му донесе единствено успех.

Saturday, July 11, 2015

Гледавме за вас: "Mulholand drive" (мк. "Булевар на ѕвездите")


Доколку мислевте дека знаете се за добар трилер филм и на кој начин истиот можете да седнете и да го изгледате за ваше лично задоволство, сето тоа што сте го знаеле, можете да го завиткате во пластична тоалет хартија и да го фрлите во најблиската ментална болница за да биде запалено во крематориумот, од кој никој жив не излегол.


"Mulholand drive" или "Булеварот на ѕвездите" е авторски филм на (според мене) кумот на филмската перверзија во нејзината нај пародична форма на егзистирање и перцепција.
Дејвид Линч на еден субкултурен начин преку ова свое мајсторско дело успева да допре до врвот на светската мејнстрим филмска публика, иако е дискутабилна таа негова намера, колку и да сакаме да мислиме дека фимовите се прават за да бидат погледнати од одредена целна публика.

Целиот филм наликува на мноштво од сцени, кои со својата целовитост создаваат еден комплексен збир пред се на љубовна приказна со судбински предзнак на детерминираност, општествена условеност, карактерна збунетост и измешаност, уметничко-стилизирачка форма на израз со предиспозиции на мјузикл....
Филм внатре во филмот, сон во сонот, реалност надвор од самата себе... На моменти страшен фаталистички лајт мотив на широко присутно чувство на загрозеност, себепреиспитување и потреба од конфирмација на сопствениот идентитет на личноста.
Дејствието на филмот започнува како сон, за да заврши со нечија смрт. Она што на почетокот се чини девствена наивност, на крај завршува со чувство на вина која завршува трагично, во хаосот на сопствената бојазност од неуспех и промашено чувство на припадност, предизвикано од љубовта кон сопствената естетска фигура на полност.
Во филмот исто така е застапен своевиден револт на авторот од медиокритетските вредности во кои е забегана целокупната филмска индустрија, илустрирајки ги на перфектно суптилен начин и причинителите за ваквите состојби. Невидливите мајстори на контролата и манипулацијата, без разлика на цената во механизмот на парите наоѓаат своја поткрепа во плашливоста и неодлучноста на носителите на уметничкиот израз, притоа не срамејќи се да уценуваат, да се закануваат и да убијат ако треба...
Потоштеноста на индивидуалецот, без разлика на неговата енергија, решителност и младешки соништа, неминовно завршува како жртва во челуста на општествените норми независно на нивната оправданост и целисходност.

И на крај без разлика што филмот претставува своевиден мозаик на фрагментирани парчиња, по нивното гледање од страна на гледачот, остануваат многу дилеми неодговорени, неразјаснети и под знак прашалник.
Од лична перспектива како гледач би можел да кажам дека станува збор за филм кој по првото негово гледање ме направи толку немоќен што ме тераше да пцујам, колнам, удирам во предмети, кршам. Впрочем како и целокупната публика што заедно со мене излегуваше од некогашното кино "Култура" во Скопје. Многумина останаа вчудоневидени од дрскоста, уште повеќе беа запрепастени од парадоксалноста на сценариото, во глобала сите негодуваа, а многу малкумина посакаа овој фим повторно да го погледнат. Помеѓу овие последните сум и јас (вашиот рецензент) кој со нетрпеливост го чекаше пиратското издание на филмот на VHS касета.

Не знам дали еротските свени во филмот се во функција на неговата популаризација или напротив.... Но сепак овие сцени сами по себе се далеку повпечатливи од мноштвото банални разголувања на филмските актери/ки... Во спој со целокупната парадоксалност на филмот, разголеноста на главните ликови (Наоми Вотс и Лаура Хардинг) е само капка во океанот на патетичност и незначајна маленкост на душата на поединецот и неговата идеализирачка форма на оправданост за своето постоење, изразена преку поимот љубов.
Пишувајќи за филмот од денешна дистанца на временска детерминираност, забележувам дека имам многу што да кажам за истиот... Притоа јазикот кој го користам е невообичаен дури и за мене, како рецензент...
Не е едноставно да се објасни сцената кога еден случајно избран каубој под оскудноста на една единствена светилка на крајот од кој знае каде, се обидува да стави разум во нештата онаму каде истиот е непотребен.

Моќтта на театарот отсекогаш била и ќе биде способна да го менува карактерот на современието кое го живееме. Самиот Дејвид Линч тоа маестрално го портретира во моеби една од најсилните свени некогаш прикажани на филмското платно, едноставно преку зборот "Силенцио"....
Затоа само би рекол, не одолговлекувајте.... Не калкулирајте со својата немоќ за спознание на вистинските "Вас"...
Секој од нас сам си го трасира сопствениот "Булевар на ѕвездите"...
Погледајте го филмот, не очекувајте премногу, затоа што можете да "заглавите" онаму каде што пред вас никој жив не претстојувал....

Погледнете ја изјавата на самиот Дејвид Линч која е објавена за јавноста во рамки на Јапонската верзија на ДВД изданието на филмот во 2001 година:


Премиера: Октомври 19, 2001 (USA)
Режисер: David Lynch
Времетраење: 2h 27m
Сценарио: David Lynch
Песни од филмот: CryingI've Told Ev'ry Little StarSixteen Reasons

  1. Актерска екипа
    Naomi Watts (Diane Selwyn)
    Naomi Watts
    Diane Selwyn
       
    Justin Theroux (Adam Kesher)
    Justin Theroux
    Adam Kesher
     
    Angelo Badalamenti (Luigi Castigliani)
    Angelo Badalamenti
    Luigi Castigliani
     
    Ann Miller (Catherine 'Coco' Lenoix)
    Ann Miller
    Catherine 'Coco' Lenoix



Sunday, June 28, 2015

Борејќи се против злото не смееме да создадеме ново зло!



Во напорите за сузбивање на сето зло (реално и имагинарно) потребно е да се анулира можноста за појава на хаотично-еволутивна генерична развојна фаза во временски детерминирана дистанца, на ново потенцијално зло кое само од себе би се мултиплицирало хранејќи се од сопствениот страв, ограниченост и непредвидливост.

Monday, June 22, 2015

Што уште постои таму?

Чувство на студена алиенација, безвременско и беспросторно постоење во момент кој посакуваш да не заврши или барем да се повторува до бескрај.
Идиократско самосожалување и лажна надеж на постојан дофат на фантазијата.
Имагинарна рационалност која постои на граница на спознанието, со или без логика на разумот.

Thursday, April 23, 2015

Monday, April 20, 2015

Шо знам...? За ова ли се боревме....?


Просечен скопски кафич, се пушат цигари во затворена просторија, наоколу даски, кадрони, лимови, недефинирани занаетчиски алати и предмети...

Проклетство или благослов?


Чудна работа е кога сватиш дека зборовите што некогаш одамна си ги говорел, заедно со навиките што си ги практикувал, филозофијата со која си мудрувал во твоите најинтимни моменти, почнуваат да стануваат секојдневие дури и на оние кои многу не ги разбирале ваквите твои манифестации на постоење. 

From my Russian woman

This night i received in inbox the most inspiring sentence I have ever heard in my life by now, so I will share it with all my friends and their friends....

На Ацо Шопов...


Денешниот ден (20-ти април) е значаен што денес се навршуваат 33 години од смртта на еден од основоположниците на современата македонска поезија...

Friday, April 10, 2015

На Велики петок 2015..


Моментот кога се што имате ќе го ставите на располагање на остатокот од светот, е момент достоен за Царството Божјо.

Животот=експеримент?


Во животот сите експерименти се дозволени а поседиците задолжителни.
Но, животот сам за себе не е експеримент, на кој треба да се учиме од емпирија.

Monday, April 6, 2015

Искреноста на уметноста


Се чини дека само уметноста крие неизмерна искреност дури и кога е лицемерна!

Градација на лицемерието


  • За на фејсбук:
На некои објави срце не ми дава да ставам лајк, иако ми се допаѓаат!
Особено кога станува збор за филмска музика.

Sunday, April 5, 2015

За мистериозноста


Мистериозноста и таинственоста на една личност не е негов недостаток, туку убавина која вреди да се одгатне

Поети на новото време

"Огромна почит" за сите "поети" кои својата "поезија" си ја чуваат за себеси!

Трендови после кои нема враќање назад

Најнов тренд во Делчево кој од поодамна пополека но сигурно се гради:
МЕТАЛЦИ, РОКЕРИ, БЛУЗЕРИ, ЏЕЗЕРИ, РАПЕРИ....

Поделеноста како мотив за спречување на истата

Текстот е напишан пред точно една година....
Фрагмент:
"Меѓусебната поделеност, отсекогаш била најголемиот непријател на концептот наречен Македонија! "...
Што да кажам сега во моментот дополнително, ќе биде премалку....

Неколку аспекти за странските инвестиции во Македонија


  • Инвестициите во ТИРЗ-овите ширум Македонија значат повеќекратна придобивка за граѓаните:

За животот после смртта

Падот на големите по дух, значи ослободување на идеите за кои се бореле!

Sunday, March 29, 2015

How much I love you?


I love you as I love the tomorrow' s day to come... 
To live to see that I love you even more

Перцепција на постоењето


Секогаш да бидеме што е можно повеќе свесни за постоењето на сопствената сенка.

Thursday, March 26, 2015

Сразмерен напор на храброста


Понекогаш за да се сврти тркалото на историјата потребен е напор на храброста!
Прекумерната сила на залетот несакајќи може да заврши предалеку од капацитетот на перцепција на  спознанието и оправданоста

Робот на современи трендови


Почеток на 90-тите...
Време на нова надеж, крај на конфронтацијата, одмор на човештвото...
Нов подем, нова верба, нови идеи и нова иднина...
За после толку години овој општествен круг неколку пати да се сврти, и се да остане на почеток....

Во моментот на заслепеност од сопствениот престиж


Во услови на "бомбардирање" на јавноста со информации од секаков карактер и обем, многу тешко е на поединец да допре до суштината на објективната слика за постоењето на нештата.

Monday, March 23, 2015

Актерот чиј што поглед потсетува на македонштина

На денешен ден во далечната 1940 година е роден еден од најголемите актери на македонското национално глумиште, великанот Ристо Шишков.

Saturday, March 21, 2015

Грижата за еден сон

Убавино,
исчезни сега.
Утре повторно ќе ти се восхитувам
сонот за мене да те обземе, 
и дури тогаш да се насмевнеш во сонот, 
затоа што само една насмевка од твоето лице ми значи се на светот,
особено затоа што јас сум причината за таа насмевка,
макар што тоа е само во сон.

Среќен ден, божји ден за сите нас....

САМО ВО ДЕЛЧЕВО-БЕСПЛАТНО БАЕЊЕ:
против опозициони малери, 
порази на избори, 
незнаење, 
лутање од немајкаде, 

Небото знае...


Има моменти во животот, кога вечноста се отелотворува во благородна визуелизација, за доброто на човечкиот бит.

За животот после смртта: R.I.P. Робин Вилијамс

Кратка рецензија: "Педесет нијанси сиво"


Рецензијата ќе се обидам да ја направам што е можно пократка:
Филмот не е она како што мегаломанската филмска индустрија сакаше да го рекламира....

Нов предлог за името

Нов предлог за името: Република Македонија и македонци за цел свет, за Грците-Господа Македонци.

Актуелно кон говорот на Премиерот пред битолчани


По неколку месеци на шпиунажа, прислушкување, манипулации, рекла-кажала муабети конечно очите 
на светската јавност сега навистина се свртени кон Македонија, но со интерес за механизмите и ефектите на позитивната политика на Владата на Република МАкедонија. 
Ваков широк дијапазон на економско-социјални мерки за подршка на македонските граѓани не е досега познат во македонската модерна историографија. 
Впрочем не знам дали воопшто некогаш била позната ваквата благопријатна политика на некоја влада на овие простори.
Ова е аспект за широка анализа и дебата. Потребно е внимателно следење на овој процес од целокупната јавност! 
Со овие мерки на Премиерот се испишува историја на македонската иднина! Колку ова последново и да звучи парадоксално, сепак соодветно стои.

Shining lights

In the world there are many shining lights.
Search for the one light which will shine for you, even when all others will fail.

Бласкави светилки

Во светот постојат многу блескави светилки.
Пронајдете ја онаа која ќе свети за вас дури кога сите други ќе згаснат.

Wednesday, February 11, 2015

Е.Д.И.Н.С.Т.В.О. З.А. МАКЕДОНИЈА

Поради длабоката верба во големината на овие зборови насловот на оваа моја кратка размисла ќе го напишам уште еднаш:
Е.Д.И.Н.С.Т.В.О.  
З.А. 
МАКЕДОНИЈА

Градењето на јавно признати митови и успешни приказни во очите на оние помалку афирмираните, раѓа психолошка бариера окупирана со завист, бојазност и чувство на инфериорност.

Thursday, February 5, 2015

Да се биде кловн

Понекогаш да се биде кловн е придобивка а некогаш недостаток, но секогаш е смешно...
Било за тоа човек да биде свесен или не...

Thursday, January 29, 2015

Ira...

Ira...
I can feel you in the wind that comes from the north,
I can see your beauty in the morning sunlight that comes from the east,
every day when I open my eyes...
Knowing your look inside your eyes,
 just keeps me going during the day,
to welcome you in the night
inside my dreams...
Oh, Iraa...

Wednesday, January 28, 2015

Analogy of woman... There is none!

There is no such soft sheet as a women's soul,
such worm bedding as a woman's heart.
The one thing that can brought down the world, 
and in front of which the knees relent
and the breath trembles.

Аналогија на жена...Нема!

Не постои толку мек чаршав како женската душа,
по топла постелнина од женското срце.
Она за кое што светот се руши, 
и од она пред кое попуштаат коленици 
и трепери здивот.

Love accidentally...

I want to be with you, than I want to change the world, and later, to come to you again to show you what I have done to the world...
And than to love you even more than before....

Monday, January 19, 2015

Време, болка, сеќавање и спомени


Тешко се зезнал секој оној кој мисли дека времето ќе му помогне да ја надмине својата една и единствена љубов во животот...
Blogger Widgets

Автори на блогот