ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, April 5, 2015

Неколку аспекти за странските инвестиции во Македонија


  • Инвестициите во ТИРЗ-овите ширум Македонија значат повеќекратна придобивка за граѓаните:
  1. -Буџетските сретства инвестирани во широкиот спектар на мерки се враќаат во вид на девизен прилив по извозот на произведените материјални добра. Притоа овие производи имаат повисока додадена вредност за домашната економија.
  2. -Вработувањето на македонските граѓани, кај кои стандардот и потрошувачката моќ растат при што се продуцира производство и трговија во домашни услови.
  3. -Производството во фабриките во ТИРЗ-овите ангажира домашна трговска мрежа на добавувачи на репро-материјали и услужни дејности.
  4. -Структурирано и насочено формално или неформално образование и обученост, со што се дава интензивен фокус на научно-образовната заедница во државата.
  5. -Конкурентноста на пазарот на работна сила во овие фабрики, овозможува постепен раст на личните приходи на македонските семејства.(процесот се уште е во средишна фаза, така што растот моментално е релативно мал, но сепак забележив).
  6. -Егзистенцијата на странскиот капитал во Македонија, значи зголемување на безбедносните услови во државата, во однос на целиот регион и долгорочна стабилност, што во спрега со правно-нормативните легислативни мерки доведува до зголемување на довербата кон институциите на државата и зајакнување на личното чувство на одговорност но и сигурност во секојднавниот живот на населението.

  • Притоа евидентна е потребата од дополнителен ангажман во насока на подобрување на овој процес:
  1. -Потребно е додефинирање на регулаторната правна легислатива во делот на економските односите меѓу економските оператори со крајна цел поедноставување на облигационите односи.
  2. -Постојано следење и заштита на хуманистичките, работничките права.
  3. -Постојана контрола, анализа и стратешко планирање на социо-етнолошките движења и трендови како резултат на овие релативно нови начини на капиталистички односи во Република Македонија,
  4. -Просторното планирање и животната средина да добијат го својот неопходен висок третман во формирањето на ваквите услови на економски раст.
  • Не треба да се застане на овој начин на понуда на вработување, туку треба да се прават уште поголеми напори во малите микро-семејни бизниси зи средните (по големина) претпријатија за обезбедување на широк диверзитет на економска понуда и одржливост на финансиската моќ на граѓаните.
  • Треба да се обезбеди разработена и квалитетна практика за интерконектибилност на македонското стопанство на меѓусебна соработка, почит, углед и доверба.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот