ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Monday, April 20, 2015

Шо знам...? За ова ли се боревме....?


Просечен скопски кафич, се пушат цигари во затворена просторија, наоколу даски, кадрони, лимови, недефинирани занаетчиски алати и предмети...
Бенд свири во живо, звукот катастрофа, фронтменот на бендот влезен во тежок филм дека е голема ѕвезда, младите не се дојдени за музика, од забава нема ни "З"... Се дели пиво во лименки пошто флашите и криглите се одамна потрошени, намерно или случајно, чудни некои јадења на даски излезени директно од тишлерска работилница. Од љубов ни трага ни глас, тешка полова сегрегација и поделеност...
Единствен светол момент беше ДЏ- јот која солидно си ја заврши работата за која беше дојдена...
Шо знам...? За ова ли се боревме....?
Каде тоа урбаниот дух на нашето општество заталкал?


Текстот е напишан на 19.04.2015 година после целовечерно тетеравење во еден од скопските кафиќи....



Само како дополнување,...
Синоќа воопшто не можеше да се влезе во истиот овој кафиќ, поради драматична гужва (која апсолутно не ја разбирам од кои побуди беше креирана)... Пијачка нема шанси некој да те послужи, влеваш сам и од шанк си земаш од тип (кој повеќе личи на касап одошто на шанкер) кој се качил на врвот на цел куп лимени буриња од кои директно се точи нешто што би требало да се вика пиво....
По пола саат чекање и стрчење како скршен палец во гипс, се ослободува една од масите во паркчето пред кафиќот (нешто налик на буре, на кое дечките што седеа, станаа неможејќи да добијат пијачка пола саат). На истата оваа буре-маса немаше уште измет од птици....
И ТОА ТИ СЕ ВИКА СКОПСКА ШЕМА????
НЕ БЛАГОДАРАМ!
Во Делчево (иако има свои недостатоци) сепак ноќниот живот изгледа цивилизациски понапредно (за најмалку 2 децении понапред од она што го доживеав во Скопје)!

Ажурирано 18.10.2015 година

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот