ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Friday, April 10, 2015

На Велики петок 2015..


Моментот кога се што имате ќе го ставите на располагање на остатокот од светот, е момент достоен за Царството Божјо.
Секакви колебања во исполнувањето на ова хуманистичка смисла се само искушенија чиј триумф е само моментален крик пред портите на вечноста, кој во предвечерието на исполнувањето на смртта како причина за вечен живот ке се распрснат на бреговите на човечката несовршеност.
Она што Господ го создал ниедно зло не може да го уништи...
А создал многу: љубов, почит, среќа, разум... Создал живот....
Македонија!
Затоа пријатели сочувствувајте со бедните, со помалку среќните, со ништожните...
Нека биде тоа ваш подарок во слава на љубовта.
Македонија има љубов во себе...
За цел свет!
Денешниот ден на страдање нека биде зачеток на благовестието по Третиот ден.
Дури тогаш вистински и семакедонски да можеме да се радуваме на животот кој ни претстои.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот