ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Monday, April 6, 2015

Градација на лицемерието


  • За на фејсбук:
На некои објави срце не ми дава да ставам лајк, иако ми се допаѓаат!
Особено кога станува збор за филмска музика.
  • За преку телефон:
Ми иде да го земам телефонот и да те побарам (се однесува на било кого), да си поприкажеме така од далечина, бидејќи нели немаме можност да сме еден до друг.
Но сваќам дека со муабетот што го слушнав од некој друг за мене, што си го ширел, впрочем лицемерно би било да ти се јавувам и воопшто да разговараме од далечина. Патем што имам јас во лице кажувам.
  • За лично (очи во очи)
Немам време сега да ти кажувам што мислам реално за тебе.
Наместо тоа ќе ти кажам што сакаш да слушнеш, така и двајцата ќе имаме корист од муабетот очи во очи. Инаку само би се испокарале и тоа не е од ничиј интерес.

Е сега овие вака структурирани размисли, можеби и немаат врска со реалноста!
Доколку доа е така тогаш навистина сум изненаден од непопустливоста на ливемерието во кое сите ние живееме!
Но, доколку барем еден од овие означени можни размислувања е делумно или целосно точно, тогаш навистина ме радува подготвеноста да прифатиме (сите заедно) дека барем некогаш во нашиот живот сме биле лицемерни.
Во име на иднината, овој човечки недостаток треба да се надминe, постепено.
Не очекувам целосно и 100% да се искорени.
Но барем да бидеме доблесни да прифатиме дека лицемерието може несакајќи да детерминира регресивни појави кои не се од интерес никому.
Се додека лицемерието е со цел да инспирира, да укажува, да посочува, да обзнанува вистина, да вроди со благопријатна вредност, со смеа, со уметност, со нови хоризонти на имагинацијата примарно за добробит на пошироката заедница, тогаш би можел да го оправдам!
Дури и тогаш (во овие случаи) треба со резерва да се зема и со минимален интензитет да се практикува.
  • За крај:
Ова поимање на нештата ме наведе да се запрашам колку и дали сум лицемерен пред самиот себеси?
Дали познавате некој друг таков како мене?
  • И уште полошо:
Се чини поради недостиг на комуникација со другите, ни останува да бидеме лицемерни пред самите себеси....

Зошто нели инаку би биле лицемерни кон другите...

Колку и дали сме лицемерни (како општество во целост прашувам за да нема збунети)?

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот