ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Tuesday, December 19, 2017

Не смеат да бидат заборавени на маргините



Дали Владата на Република Македонија (Министерството за труд и социјална политика) во соработка со ЕЛС Делчево планира подобрување на услугите на народната кујна во Делчево?

Врски насекаде...


-Добро е да имаш свои луѓе насекаде, воскликна од среќа сиромавиот и се нареди прв во редот за народна кујна.

Tuesday, December 12, 2017

Карпи ли се карпи, одронети маки делчевски

Време на политички прогон

Смејте се

За поуките од верата

Macedonia is soon to be found

ПодддрррЖЖЖка

Официјално е!

Тајни друштва јавни проблеми создаваат

Општество на упатени пораки и доспеан глас

Времето и делата

Добрососедски односи за Европа без граници!


Времето во Македонија


Wednesday, November 8, 2017

Кога велам "Македонија"!


Кога велам "Македонија"-мислам на еден огромен театар со разно-разни завеси.
Завеси во различни бои и нијанси, од кои додека едната се крене, друга се спушта, за понекогаш да се преклопат повеќе една преку друга.
Глумците глумат, музиката врви, сцената наместена, светло, суфлер, костими, сценарио, режија, публика... И таму некаде на маргините на влезот, чичкото кој продава карти и оној кој ги кине картите на влез....
Кога велам "Македонија", мислам на надеж дека имаме ум и разум пред се!

Thursday, October 26, 2017

Сепак се врти

Евтина работна сила од доминантно сиромашниот Блиски исток вбризгана во Европа, ќе значи уназадување на "демократските" придобивки на големи плати за малку работа за социјалистичко-бирократски воспитаните претприемачи, на ниво на мали и средни претпријатија.

Tuesday, October 17, 2017

Дисторзиран дискурс

Го пративме, срамно да загуби, додека му кажувавме дека победува(ме)-гази(ме).
Му велевме дека ќе ја вратиме славата од старите времиња. Таа од 90-тите! Од АСНОМЦИТЕ, Илинденците, преродбениците, ајдутите, Марко Крале, онаа на Цар Самоил, Кирил и Методиј и учениците, Константин, Александар, Филип, Олимпија?, Персеј, Аминта.....

Континуитет

Сенките се за оние кои се плашат од сонцето...
Живи мртовци, неосвестени за значењето на светлината...
А животот пече, сјае, боли...
Време и светлина... Две работи што не смеат да бидат запрени...
А моментот ќе роди нов жар од кој ќе распламти ново сонце...

Sunday, October 1, 2017

ВИДИ НАСМЕВКА! ЧУДНА ОСОБЕНОСТ


И секогаш има по некој кому љубовта кон правдината, чесноста и достоинството му значат се во животот.

Tuesday, August 29, 2017

Со право слугите-народњаци и нивните господари-комуњари во Делчево се плашат од името Шехтански


Правам анкета за рејтинг на најглупи т.н. анкети на про-народњачки и про-комуњарски интернет сајтови за рејтинг на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори! Цена за посакуван исход на анкетата во инбокс.
Мислам, дали воопшто  некој нормален граѓанин на Делчево барем се обидува да се забавува со ваквите ступидни активности на ваквите индивидуалци кои живеат во свој волшебен свет на т.н. слава.

Дефиниции за однапред некои работи да бидат појасни:
  1. Народњак-реформатор-притаен профитер за лични интереси кој по потреба е вмровец, по потреба реформатор, по потреба шарен револуционер, по потреба СОРОС-платеник, по потреба и комуњар.
  2. Комуњар-види нашироко моја дефиниција за овој поим тука.
Овие две професии природно не се мешаат една со друга, но ја знаете народната: Каде бургија не може-пара буши!

Е сегаааааа....
Ништо сега.... 
Народњаците и комуњарите преку нивните партиски и политички мотивирани "новинарски" текстови и објави на интернет, како и пред секои избори почнуваат со својата постојана иста и досадна перфидна игра на оцрнување на сите можни кандидати за кои (нивното височество-самите тие) сметаат дека се достојни да им ги загрозат однапред дадените позиции кои им следуваат во институциите.
Научени се народњаците со протекционизам и жесток чопоративен настап да си ги остваруваат своите лични амбиции за богатење на грбот на граѓаните како во "времињата кога пари со вреќа се носеле а локалните војводи така пожртвувано и посветено ги делеле на народот". Додуша и поголем дел за себе задржувале ама нели тие се НЕЛИ "војводите" кои прво се важни па за народот што остане.
Од друга страна пак комуњарите со раќање сметаат дека им е дадено правото да го владеат овој народ онака како што нивните претци тоа го правеле по налог на партијата и Другарот. Додуша Другарот може и да не знаел за нивниот "Пашалак" но нејсе.
Уште пред да започне било каква политичка кампања на борба за идеи, проекти и залагања, чопорот на народњаците со однапред определени квалификации маваат на слепо кој каде стигне, па ако погодат нешто, ОК ако не, ќе добијат пофалба од Лидерот кој неуморно бдее (или така они самите си мислат) над нивната "пожртвуваност" за ликот и делото на "војводата". 

И никако, ама баш никако да спомнат што е она што тие ќе го понудат на Делчевскиот и Македонскиот гласачки електорат. Едно големо ништо!
Во позадина комуњарите молчат и си го хранат своето и онака здебелено его, сметајќи дека е полезна пресметката на ВМРО против ВМРО и секој одлеан глас од контото на нивниот непријател, кај нив двапати ќе се брои. Но само така сметаат, а ќе ви кажам и зошто.
Народњаците се тип на луѓе кои ловат во матно. Ниту знаат колку членови имаат, ниту знаат која им е програма, па врз основа на тоа и колку следбеници имаат, ниту знаат каде природно припаѓаат како политичка доктрина. Единствено го разбираат јазикот на парите и критериумот кој повеќе ќе потфрли. Оттука поединци кои припаѓаат во оваа група на политички опортунисти се многу пожестоки во својата реторика и напади против главниот политички опонент на СДС, се со цел да си постават што е можно повисока цена за себе да се продадат.
А оние кои гласале за нив...? За нив важи правилото на однос меѓу "војводата" и народот од погоре во овој текст.

Кампањата како така ќе започне. И прво нешто што ќе го видиме е монтирана некакви си "афера" за нивниот противкандидат во која преку текст, слики, видеа, ќе му измонтираат и мајка и шајка и све по список се со цел да му нанесат што поголема штета пред потенцијалните гласачи.
И потоа нормално нивниот шеф од СДС само ќе се прошета по градските кафани и ке триумфира на изборите.
Но!
Тука има едно големо НО!

Нивната програма, напишана во полски нужник, која ништо не им значи, без никаква реална анализа и остварливост, ќе одат да кажуваат што е тоа што другите не го направиле, секако изземајки се себеси ко од небо паднати и ко првпат да се политички активни, без никаков претходен учинок.
Таа практика истите тие безидејници ја практицираат со години наназад. И постојано губат на избори!
И постојано тоа е катастрофално!
И после изборите на нивните состаноци со ббројност двајца без тројца, се обидуваат да си ја анализараат катастрофалната состојба, и никако грешката да си ја пронајдат кај себеси, туку обавезно народот им е крив, што недоволно го просветлиле со нивните глупости.
Но и со таквите ко нив и народњаци и комуњари, народот има една и единствена потреба. А тоа е: подобар живот за сите делчевчани, за сите Македонци!
На народот не му е гајле за нивните безидејни монтировки, за нивните беспредметни обвинувања и лажни вести од најразличен карактер.
И токму затоа ваквите типови (2-јца 3-јца на број) се плашат од имиња како што е името Шехтански!
Затоа што зад името Шехтански стои досега најголемиот отчет кој што е реализиран за еден 4 годишен мандат на еден градоначалник во Делчево. Со проекти кои директно го подобруваат живото на сите делчевчани.
И затоа таквите политички активисти скриени зад некакви си интернет портали ќе останат на буништето на политичко опстојување на ниво на "сплеткароши".
А фактите никако не им се во прилог на таквите:


Friday, July 28, 2017

Нема друго, наше е да се бориме за вистината!

Куќа изградена на шашави темели
може само да падне!
ДОЛУ ВЛАДА!

Неизвесна иднина


Пропаста на човечкиот морал започнува со едно единствено непостапување против неморални постапки на поединци околу...

Monday, July 24, 2017

Остајте демагогија- народот девалвира


Остајте #Цацко, остајте #Фчерашни, #ЕленаВелевска, #Мерцедесот, сметките на Алаѓозовски, #реформатори, минатото на ДУИ и нивната улога во минатата влада, празните ветувања на Заев, неукоста и неспособноста на Сугаревски, јаловоста на министерката за образование. Остајте ја закоченоста на сите институции на национално ниво и дел од институциите на локално ниво, настрана. Остајте провокации за бугарско-македонско пријателство штетно по македонските интереси.

Thursday, July 20, 2017

Претворени во оружје на Боговите

"Има нешто!"
Забележано е зголемено движење на оперативци на ЦИА, МИ-6 и други разузнавачки служби во Македонија.
Македонскиот народ е горд народ. Има еден негов дел што е помалку горд. Во пресрет на најавените бугарски провокации во однос на најсветиот дел од македонската историја, сакам да порачам:

Moving forward

Set the sails!
To the top of the hill...
Beneath the ruins of the ancient time...
Across the overpass of the freedom of spirit and mind...
The perfection of art....
Run to the hills, and back to the sun...
In the valley of now....

Sunday, July 16, 2017

Лицемерно

Реформи, реформи, реформи...

Нож во грб

Фабрика за трансплантација на колективна свест

Во трка со времето

Македонија, Македонци, Македонско

Нов фонт за реформатори

ОДБЕЛЕЖАНИ 110 ГОДИНИ ОД БИТКАТА „НА НОЖОТ“


Јазикот на моето Јас


Македонскиот јазик е неразбирлив јазик за сите кои од страхопочит го негираат.

Friday, May 19, 2017

После вечноста

Кога ветрот ќе остане единствениот пријател над земјата околу тебе,
кога одамна пожолтените лисја ќе се разиграат во нивниот последен танц кон вечноста, нежно скокоткајќи ги студените и изострени камења од околу, 
кога само тишината ќе биде нацртана во твојот мраморен поглед, упатен кон развеаните стапки, по кои чекорел уште еден сон... 
Тогаш присети се! 

Monday, May 1, 2017

"Ќути може и полошо"

Во време на отоманското ропство имало македонци што велеле: -"ќути може и полошо". Притоа биле задоволни со тоа што го имаат и чекале некој да се смилува над нивната покорност кон нивната поткупливост на сметка на слободата.

Sunday, April 16, 2017

Застани, насмевни се!

Кога знаеш дека светот за кој си се надевал
дека му треба твојата вредност, егзистира многу добро и без тебе, наместо да трпиш во себе разочарување, сврти се кон луѓето на кои навистина им си потребен единствено како човек.
Твојот дом, твоето родно место, твоите вистински пријатели и познаници со кои си пораснал.... Твоите сродни души, твојата љубов...
Веројатно секогаш ќе бидат тука за тебе...
Светот можеме да го промениме на подобро единствено ако самите станеме подобри луѓе!
Сврти се и застани, насмевни се...
Ракувај се со непознатото, она што копнееш да го дознаеш, прегрни го светот... Оној кој те гушнал тебе! Не бегај од пријателска прегратка, зошто само таква е вредна за паметење. Испружи ги дланките кон сонцето, онака како што сонцето се испружило кон тебе. Растерај ги облаците кон оние места на кои им треба сенка.
Припомни си на крај од секоја авантура: што е она што навистина вреди и пак насмевни се.
Никогаш не се знае...
Животот е многу повеќе од секојдневна трка со сопствениот престиж.

Велигден во Делчево: надеж, гордост, заедништво, топлина и среќа

Делчево го празнува најголемиот христијански празник, во духот на победата на животот над смртта. Воскресението Христово- Велигден е во срцата на Делчевчани, секаде каде и да се наоѓаат по светот.

Monday, February 27, 2017

Wednesday, February 22, 2017

Свет на пронајдената рамнодушност

Добредојдовте во светот на пронајдена рамнодушност. 
Смеете ли да останете за миг насмеани и возбудени како резултат на спомените од денот што поминал?

Обични нешта

Луѓето сакаат обични нешта.
Топлина, нежност, поглед без зборови, црвенило на образите...

Saturday, February 18, 2017

Политичка актуелна иронија #3: Заев против Зоран

Де ќе менвит, де нема да менвит устав.
Пролет доаѓа а Зајко (Заев) заљубено делува.

Политичка актуелна иронија #2

Ех Владо, Владо.
Шо не ти текна една "прес конферанција" да напрајш? Така Македонска?

Политичка актуелна иронија #1

Нападот на Хитлер на Полска во 1939 година, беше Прес конференција која Телма да постоеше тогаш ексклузивно ќе ја пренесеше!

Најсилно оружје

Најсилното оружје против хегемонистичката политика на светските корпоративни влади е чесен, работлив, образован и остроумен народ!

Вечност преку љубов

Знаете ли дека....
Постојат моменти во животот, што се толку убави, што Ви се чини дека траат прекратко.... 
Од моментот кога вистински сте заљубиле некого, до ден денес, можеби временски е долг период.... 

Sunday, February 12, 2017

Две срца-разделени....

Toj:
-Две срца.... 
Разделени.... 
Едно големо едно мало... 
Толку далеку а сепак толку близу... 
И јас на средина.... 

Saturday, February 4, 2017

По повод 145 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

-Идеалите на Гоце Делчев, чувството и борбата за слобода на неговите современици но и следбеници се доволна потврда за самобитноста и посебноста на нашиот народ во еден историски континуитет кој во денешно време некои странски сили сакаат да ни го избришаат. Сакаат да ни го одземат името, да ја обезличат државата.

Искрено кон жените

На светот нема ништо поубаво од жена која е искрено сакана!

Friday, January 27, 2017

Тешко-лесно

На тие што бегаат од битката,
можеби им е најлесно денес.
Утре, не верувам!

Смислата на песните

За сечија убавина, но и лудост постои барем по една песна во светов!

Белосветски подароци за разнебитување на нашата независност


"Nought from the Greeks towards me hath sped well.
So now I find that ancient proverb true,
Foes' gifts are no gifts: profit bring they none."
Sophocles (496 - 406 BC)
..........................................................

Wednesday, January 25, 2017

Кога судбината ти дава сигнали

И кога запре сета музика на светот, 
ако срцето продолжи да игра, 
направи место за судбината.

Потценување на реалноста


Многу лошо е кога животот ни помине размислувајќи и посакувајќи нешто што не можеме да го имаме, а ги игнорираме, обезвреднуваме и потценуваме работите кои ги имаме на дофат околу нас.

Длабочината на човечкиот поглед


Човек со богато срце, 
значи човек што разбрал многу човечки погледи.

Стоицизмот и иднината


Сите глумиме "лудило" и се правиме недоветни денеска.
Утре е веќе касно да се разбудиме!

Tuesday, January 24, 2017

За светот по СОРОС

Кога глобалните корпорации во отворените општества на СОРОС и таквите како него, чија што филозофија на вредности значи како до поголема сума на пари на контото, почнат да шират демократија со моќта на истите тие пари, секогаш страдаат поединци.

Sunday, January 1, 2017

Моето време

 Не постои време без настани....
 Не постојат настани без луѓе.
Не постојат луѓе без љубов. 
Одовде па до крајот на вечноста....
Ти си моето време...
Blogger Widgets

Автори на блогот