ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Monday, May 1, 2017

"Ќути може и полошо"

Во време на отоманското ропство имало македонци што велеле: -"ќути може и полошо". Притоа биле задоволни со тоа што го имаат и чекале некој да се смилува над нивната покорност кон нивната поткупливост на сметка на слободата.

Па така својата слобода ја плаќале со натура, живот, чест, со своите деца дадени како јаничари....
Оваа појава е всадена во свеста на народот на овие простори (не само Македонскиот) врз која се засновани сите освојувачки кампањи на сите колонијални и неоколонијални експозитури на странско влијание и власт.
Цикличната можност за појава на оваа пракса е дефинирана од фрекфентноста на промена на генерациите односно способноста за заборавање на духот на народот за свесноста за опасностите од восприемање на еден таков поданички менталитет на сервилност кон странските политички влијанија и механизми за контрола на што е можно побројна група на народ од овие простори.
И во еден таков матричен склоп на условеност на умот и расположението на еден поединец ќе му претставиш концепт на слободољубивост и негирање на поданичкиот и сервилен концепт на живот, се создава страв од непознато и неизвесност што многу тешко може да биде прифатено како промена на еден таков "може и полошо" карактер.
Оттука терминот "македонче" наспроти терминот "македонец" е линија на конфронтација на инертност и зачауреност во плашт на ограниченост наспроти стравот од неизвесност кон промени.
Несигурноста и немоќта за предвидливост на иднината чини од нас робови на стагнацијата која на овие простори трае со децении и столетија. Отсуството на општ државен концепт на одржливост на заедништвото на Македонија не е само рак рана која може да предизвика сериозен дисбаланс на меѓусебните односи, туку претставува општа хаотична варијанта на немоќ, незнаење и аматеризам во праксата која довела според некоја историска правдина до создавање на македонска независна држава...
Големината на независноста и слободата не е во тоа кокку крв ќе пролеем за една апстрактност наречена држава, туку во доктрината да обезбедиме подобар живот за луѓето опфатени од тој апстрактен термин дефиниран преку поими и правила базирани на искуствени податоци од минатото и овде морам да констатирам без соодветна визија за иднината.
Секоја борба мора да има цел! Бесконечната борба е само манифестација на незнаење и неспособност за обезбедување на простор за одржливост на идеите за самобитност и идентитетска суштина.
Мора да почнеме да живееме од денес.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот