Кога знаеш дека светот за кој си се надевал
дека му треба твојата вредност, егзистира многу добро и без тебе, наместо да трпиш во себе разочарување, сврти се кон луѓето на кои навистина им си потребен единствено како човек.
Твојот дом, твоето родно место, твоите вистински пријатели и познаници со кои си пораснал.... Твоите сродни души, твојата љубов...
Веројатно секогаш ќе бидат тука за тебе...
Светот можеме да го промениме на подобро единствено ако самите станеме подобри луѓе!
Сврти се и застани, насмевни се...
Ракувај се со непознатото, она што копнееш да го дознаеш, прегрни го светот... Оној кој те гушнал тебе! Не бегај од пријателска прегратка, зошто само таква е вредна за паметење. Испружи ги дланките кон сонцето, онака како што сонцето се испружило кон тебе. Растерај ги облаците кон оние места на кои им треба сенка.
Припомни си на крај од секоја авантура: што е она што навистина вреди и пак насмевни се.
Никогаш не се знае...
Животот е многу повеќе од секојдневна трка со сопствениот престиж.
No comments:
Post a Comment