ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, February 28, 2016

Ако...


Ако сонот има име,
и таму некаде како спомен, запишан во книгата на моето срце,
тој мал момент од потсвеста на мојот заспан здив,
знае да влее раскош во мојата душа....

Подготвени за утрешниот ден

Кога денот повеќе нема никаква логична смисла, дали она што ни преостанува како можност е да заспиеме или да се обидеме да пронајдеме смисла во она што се вика утрешен ден?
Што ќе се случи кога ќе се наредат повеќе такви денови кои немаат смисла еден по еден?
Цела година да ја преспиеме? Или можеби цел живот?
Не!
Се е прашање на смислена матрична причинско-последична рамка која произлегува од ограниченоста на човечкиот ум за креација, имагинација и изнаоѓање на соодветни формулации за толкување на поимите и појавите.

Светилиште на љубовта

Ако сите симнати ѕвезди во моменти на занес досега беа искрени и вистински, 
денес планетата земјата ќе беше светилиште на љубовта!

Помеѓу сонот и материјалниот свет, се е надеж и фантазија

Многу е тешко човек да биде познаен и признаен од околината по својата добрина!
Особено во денешно време и општествена реалност.
Во такви околности добрината на човечкото срце понекогаш станува дури и предмет на исмевање, омаловажување и потценување.

Monday, February 22, 2016

Кон одбележувањето на 72 годишнината од “Февруарскиот поход” 1944-2016, Планинарски марш Делчево-Голак







Делчево, планина Голак, Планинарски марш за одбележување на 72 годишнината од “Февруарскиот поход” 1944-2016 година.
Релација Делчево-Голак. Патеката е долга 24 километри (во двата правци), средно тешка, со совладување на надморска висина од 900 метри од 640 mNV до 1536 mNV.
Blogger Widgets

Автори на блогот