ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, February 28, 2016

Помеѓу сонот и материјалниот свет, се е надеж и фантазија

Многу е тешко човек да биде познаен и признаен од околината по својата добрина!
Особено во денешно време и општествена реалност.
Во такви околности добрината на човечкото срце понекогаш станува дури и предмет на исмевање, омаловажување и потценување.

Наспроти оваа искривеност на основните природни човечки вредности и фаворизирање на вештачки наметнати критериуми за квалитет и успешност, сепак постои една многу значајна причина зошто добрината на човековото срце и неговите дела се важни и треба да се негуваат.
Постои една метафизичка околност која можеби навидум нема никаква видлива врска со материјалниот свет, но во огромна мера ги дефинира општествените и материјални текови на едно цивилизациско битисување.
А тоа се соништата.... Идеите, фантазијата....Надежта... Овое нематеријални појави се подеднакво важни ако не и поважни од таа сурова реалност, се преубава материјализација на раскош и поседување на предмети и ствари кои наместо да бидат алатки, стануваат материјални идоли за владеење над слободниот дух на поединецот. Материјата во сите нејзини модификации без енергијата на надежта, сонот и фантазијата, е само празна слика без убавина и содржина....
Тој мир на непроменливост и постојаност, претпочита инертност наместо движење, во општиот хаос на микро и макро просторни сили на физичка закономерност. За да ги модулираме материјалното околу нас, треба да го менуваме изворот на енергијата која е својствена за сечие човечко битие. Од срце, од разум, со љубов и свесност. И на крај на краиштата секоја реалност без соништа, надеж и фантазија е празна и промашена, независно каква таа и да била во секој друг поглед.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот